Продолжуваат интензивните напади на израелската војска врз Газа

October 28, 2023
1 min read

СДЕРОТ/ГАЗА (АА) – Интензивните напади на израелската војска, кои започнаа синоќа, продолжуваат врз блокираниот Појас Газа, особено на северот на подрајчето, јавува Анадолу.

Израел синоќа ги интензивира нападите, особено на северот на Газа.

Израелската војска со хаубици го гаѓаше северот на Газа, а потоа изврши интензивни воздушни напади.

Израелската војска погоди многу точки во Газа и непрекинато го бомбардираше регионот до утрово.

Израелската војска уште од утринските часови со интензивен оган од хаубици почна да го гаѓа северниот дел на Газа.

Дописникот на Анадолу од градот Сдерот, кој се наоѓа на израелската граница со Газа, јави дека одвреме навреме се забележуваат тенкови како се движат од израелската страна на границата.

Во регионот одвреме навреме се слушаат истрели, летаат израелски воени авиони и беспилотни летала.

Репортерот на Анадолу од блокираниот Појас Газа јави дека израелската војска цела ноќ го спроведувала „најинтензивното бомбардирање досега“, особено во центарот на градот и на северот.

Нападите на израелската војска од море, на западот на Појасот Газа, продолжуваат.

Судири се случија во крајбрежното подрачје Рафа, западно од Хан Јунис, во Појасот Газа. Конкретно, судирите продолжуваат во Беит Ханун и Беит Лахија на север.

Најмалку 7.326 Палестинци загинаа во израелските напади од 7 октомври. Според официјалните податоци, околу 70 отсто од нив се палестински жени и деца.

Околу 2,3 милиони жители на Газа се борат со недостиг од храна, вода и лекови поради масовното израелско воздушно бомбардирање и целосната блокада на енклавата.

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) синоќа усвои резолуција со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фирма за канцелариски материјал набавува средства за одмастување на котлите во РЕК Битола

Следно

Претрес во КПУ Идризово, пронајдени 82 ножа, 63 мобилни телефони, дрога…

Latest from Blog

Нов инцидент: Кинеската војска распоредила поморски и воздухопловни сили

Пекинг тврди дека хеликоптери од бродот го нарушиле кинескиот воздушен простор над островите Парасел. Кинеската војска соопшти дека распоредила поморски и воздухопловни сили за да ја потисне холандската фрегата, која ја обвинува

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип: Неколку вработени побарале лекарска помош

Неколку вработени во фирма што се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени тегоби кои упатуваат на можно труење со храна. Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале

Трамп: Иран мислеше дека ќе ме измори, она што се случи синоќа е само увертира

Трамп ги отфрли загриженостите за исходот од претстојните среднорочни избори, нагласувајќи дека верува дека иранскиот режим е без сила и нема друг избор освен да се согласи на договор под американски услови.

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории граѓани

Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска поддршка, со кој е предвидено одредени ранливи категории граѓани да добиваат по 3.000 денари месечно. Целта на оваа мерка е да се ублажат трошоците за
Go toTop