Бројот на загинати во израелските воздушни напади врз Газа се искачи на 5.791

October 24, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на загинати Палестинци во тековните израелски воздушни напади врз Појасот Газа, што продолжуваат веќе 18 дена, се искачи на 5.791, пренесува Анадолу.

Министерството за здравство во Појасот Газа, кој е под блокада, објави соопштение во врска со бројот на загинати и повредени во израелските напади.

Во соопштението се вели дека бројот на загинати во израелските напади се зголемил на 5.791, од кои 2.360 се деца и 1.292 жени.

Исто така, се истакнува дека бројот на повредени како резултат на израелските напади пораснал на 16.297.

Во ова соопштение се нагласува дека здравствениот систем во болниците во Газа е во целосен колапс.

Од друга страна, во соопштението на Министерството за внатрешни работи во Газа се наведува дека Израел ги бомбардирал зоните близу болницата „Вефа“ во Газа, и чаршијата во бегалскиот камп „Нусејрат“.

Во соопштението се истакнува дека како резултат на бомбардирањето на овие две зони има десетици жртви и повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски на средба со Орбан во Будимпешта

Следно

ВИДЕО: Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се сретна со човекот кој беше нападнат од мечка

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен
Go toTop