Министерството за здравство во Газа: Сите генератори во болниците ќе останат без гориво за помалку од 48 часа

October 24, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Министерството за здравство во Газа рано утринава предупреди дека електричните генератори во болниците ќе престанат да функционираат во наредните 48 часа поради недостиг на гориво, пренесува Анадолу.

„Имаме помалку од 48 часа пред сите електрични генератори во болниците да останат без гориво“, изјави портпаролот на Министерството, Ашраф Ал-Кудра, во кратка изјава на Телеграм.

Тој додаде дека механизмот што се следи за дозволување влез на хуманитарна помош во Газа е „бавен и не може да ја промени реалноста“ и нагласи дека „здравствениот систем ја достигна најлошата фаза во својата историја“.

Вчера Министерството соопшти дека 32 здравствени центри не работат поради бомбардирањата од израелските воени авиони и недостигот на гориво.

Се нагласува дека мора да им се даде приоритет на непосредните потреби на болниците во однос на дистрибуцијата на помошта, и се апелира до Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да се заложат повеќе да се дозволи влез на гориво и крвни единици за здравствениот сектор во Појасот Газа кој е под опсада.

Индонезиската болница во Газа беше затворена бидејќи работата на нејзините витални објекти беше прекината во текот на вчерашниот ден поради прекин на електричната енергија, според медицински извори.

Од видеата што кружат на интернет се гледа како медицинските тимови во болницата примаат пациенти што ги носи Брза помош користејќи батериски ламби.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот за информатичко општество со порака до ДУИ: Да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција

Следно

Сончево и топло, температура до 28 степени

Latest from Blog

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот

СКАНДАЛ ВО ПРЕМИЕР-ЛИГА: ВАР призна дека направил грешка за голот на Халанд!

ФОТО:facebook.com/mancity Судиската комисија во Англија призна дека е направена грешка, откако ВАР го призна победничкиот гол на Ерлинг Халанд за Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед, игнорирајќи го влијанието на офсајд-позицијата на Енцо

Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!

 Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродот бил погоден од проектил додека минувал низ Ормускиот Теснец, без да наведе дополнителни детали. Засега нема соопштение од американската војска, која претходно
Go toTop