Украина соопшти дека добила 1,5 милијарди евра макрофинансиска помош од ЕУ

October 23, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина соопшти дека ја добила деветтата транша од макрофинансиската помош од Европската Унија (ЕУ) во износ од 1,5 милијарди евра, пренесува Анадолу.

„Генерално, буџетската поддршка на ЕУ во 2023 година веќе изнесува 15 милијарди евра – ова е еден од најважните фактори што ѝ помага на Украина да биде економски силна и стабилна“, рече украинскиот премиер Денис Шмихал во соопштението објавено на Телеграм.

Шмихал нагласи дека Украина, заедно со Европската комисија, работи на нова долгорочна програма со вкупен обем од 50 милијарди евра.

„Очекуваме да добиеме 18 милијарди евра од нив следната година“, истакна Шмихал.

„Благодарен сум на партнерите за нивната цврста солидарност со Украина“, додаде тој.

Европската комисија минатиот месец објави дека исплатила уште 1,5 милијарди евра за Украина како дел од нејзината програма за „макрофинансиска помош“ вредна 18 милијарди евра, со цел да ги поддржи „непосредните потреби за финансирање“ на земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штипските пензионери протестираа со празни тегли за зимница

Следно

Ден на македонската револуционерна војна – Каевски: Војната на денешните генерации е за европска иднина

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.
Go toTop