Владиката Григориј на партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ: Само смртта може да го раздвои Македонецот од името ВМРО

October 23, 2023
1 min read

Во говорот тој зворува за ВМРО како код на Македонецот, а од фотографиите може да се заклучи дека г. Григориј е единствен верски претставник на овој настан

Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј бил гостин на партиската прослава на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за 33 години од основањето на општинскиот комитет во Куманово.

Тој зборувал од говорница пред присутните членови на партијата во пресрет на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кога е формирана ВМРО.

Од фотографиите може да се заклучи дека г. Григориј е единствен верски претставник на овој настан.

Во дел од говор објавен на социјалните мрежи, тој зворува за ВМРО како код на Македонецот. Или, како што вели, само смртта може да го раздвои името ВМРО од Македонецот.

„Парадигма е ВМРО, бидејќи е аксиолошки постулат. Не постои дериватив, туку извор на постоење, егзистенција. ВМРО за Македонецот е неизмерлив категорички императив, неодвоив од себе. Не постои како хемиски процес, ниту научен досега постигнат метод. Освен смртта. Смртта е единствениот егзистенцијален факт кој може да го раздвои од срцето, од душата на Македонецот името ВМРО“,

порачува г. Григориј.

@mehandzijski ВМРО македонско #тикток #вистина #tiktokmacedonia #macedonia🇲🇰 #македонци🇲🇰🇲🇰 #тиктокер ♬ original sound – mehandzijski

На овие пораки од владиката Григориј следува голем аплауз од присутните.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук-профил објави фотографии од прославата и напиша дека се одбележуваат 33 години од формирањето на oпштинскиот комитет Куманово.

„Заедно да ги создаваме промените од кои зависи нашата заедничка иднина“,

порача Мицкоски.

Според Уставот на РСМ, МПЦ-ОА и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата. Политичките партии, пак, се организирани со цел освојување на државната власт.

Инаку, владиката Григориј има титула митрополит Кумановски-осоговски при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Тој е дел од помладата генерација владици на МПЦ-ОА. Беше назначен за владика на Кумановско-осоговската епаргија, откако претходниот г. Јосиф поднесе оставка поради здравствени причини.

Во 2020 година на предлог на тогашниот митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф е избран за епископ Сарандопорски, а на истата седница на Синодот на МПЦ-ОА е назначен за надлежен епархиски архијереј на Кумановско-осоговската епархија.

На 26 јули 2020 година во соборниот храм „Свети Никола Чудотворец“, во Куманово, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, е востоличен за митрополит на Кумановско-осоговската епархија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

Следно

Борел: „Големите сили заборавија на палестинското прашање“

Latest from Blog

МБИ10 заврши во позитива – над 26 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 14.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.156,14 поени. Во

Дешамп: Свесни сме дека ова може да биде најспектакуларниот натпревар на турнирот

ФОТО: Équipe de France de Football/FB Гигантите на светскиот фудбал, Шпанија и Франција, вечерва ќе се борат во Далас за место во финалето на Светското првенство. Судирот ќе биде помеѓу актуелните европски

КОЛКУ ЗАГУБИЛЕ АМЕРКИАНСКИТЕ БИЗНИСИ од санкциите проив Русија. Толку што барат нивно укинување

Санкциите наметнати врз Русија предизвикаа директни загуби за американските бизниси од над 100 милијарди долари во 2025 година, изјави Роберт Ејџи, претседател на Американската стопанска комора во Русија (AmCham), во интервју за

Обезбедени дополнителни 2 милиони денари за два нови центри за жртви на семејно насилство

14 јули 2026, Скопје – Повеќе средства се обезбедуваат за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Преку прифаќање на амандман во

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска
Go toTop