Властите на Газа сакаат трајно отворање на преминот Рафа за справување со хуманитарната катастрофа

October 23, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Властите во опколениот Појас Газа денес побараа трајно отворање на граничниот премин Рафа, велејќи дека тоа претставува „итна и клучна потреба“ за решавање на катастрофалната хуманитарна ситуација во енклавата, јавува Анадолу.

Изјавата на владиниот Кабинет за медиуми во Газа следуваше по влегувањето на вториот конвој со помош во Појасот Газа од граничниот премин Рафа со Египет рано утринава.

Конвојот се состоеше од 14 камиони кои превезуваа храна, вода и лекови, со што вкупниот број камиони кои влегоа во Газа се искачи на 34, соопшти канцеларијата за медиуми.

Трајното отворање на преминот Рафа стана исклучително итна потреба за надминување на катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа, соопшти канцеларијата, додавајќи дека горивото е неопходно.

„Иако ги цениме сите иницијативи за хуманитарна помош, важно е да се предупреди дека 34 камиони со хуманитарна помош кои досега пристигнаа во Газа значително не ги задоволуваат реалните потреби на регионот, бидејќи претходно пристигнуваа повеќе од 500 камиони дневно“, се вели во соопштението.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и блокада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, повеќестран ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел по копно, море и воздух. Се наведува дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската армија продолжува со интензивните воздушни напади врз Газа во кои уништува цели населби.

Според досегашните податоци, најмалку 4.651 Палестинец, меѓу кои 1.873 деца, загинаа во израелските напади врз Газа.

Неодреден број луѓе останати се заробени под урнатините.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доделена државната награда „23 Октомври“

Следно

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop