Министерство за здравство на Газа: Израел користи невообичаено оружје кое предизвикува тешки изгореници

October 23, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израел користи „невообичаено оружје“ што предизвикува тешки изгореници на телата на жртвите, соопшти вчера Министерството за здравство на Газа, јавува Анадолу.

Портпаролот на Министерството, Ашраф ал Кудра, истакна дека „медицинскиот персонал увиде употреба на невообичаено оружје што предизвикува тешки изгореници на телата на загинатите и ранетите.“

Израел засега не ги коментираше изјавите.

Ал-Кудра во посебна објава предупреди на „сериозни компликации“ кои би можеле да ги однесат животите на над 1.000 пациенти со бубрежна инсуфициенција доколку резервите со гориво не се стават на располагање на болниците и здравствениот сектор.

„Неуспехот да се користи гориво во болниците ќе предизвика сериозни компликации што ќе резултираат со животи на 1.100 пациенти со бубрежна инсуфициенција, меѓу кои 38 деца“, рече Ал-Кудра.

Тој ги повика граѓаните кои „имаат било колкава количина на дизел итно да го донираат гориво во болниците за да ги спасат животите на ранетите и болните“.

Израелската армија продолжува да ја таргетира Газа со интензивни воздушни напади кои уништија цели населби, при што загинаа 4.651 Палестинци, вклучувајќи 1.873 деца и 1.023 жени, а повредени се 14.245, според Министерството за здравство на Газа.

Под урнатините се заробени и неутврден број луѓе.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската војска потоа ја започна операцијата „Железни мечеви“ против позиции на Хамас во Појасот Газа.

Во конфликтот загинаа над 1.400 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претставник на Хамас: Конфликтот во Газа е дел од глобална војна предводена од САД

Следно

Мицкоски: Време е како пред 130 години да се обединиме под знамето на Македонија и да тргнеме напред

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop