Бугарските такси за пренос на руски гас може да предизвикаат ценовен шок во С Македонија

October 20, 2023
2 mins read

За тоа до кога земјата е стабилна и сигурна дека не треба да плаќа ништо дополнително врз основа на она што го има воведено Бугарија, Реџепи вели дека неговите очекувања се оти и ноемвриските договори ќе бидат без вклучување на овој данок

Бајрам Реџепи, извршен директор на НОМАГАС Скопје / ФОТО: Принтскрин

Воведувањето данок за рускиот природен гас што транзитира низ бугарскиот гасовод, што Бугарија го воведе пред неколку дена, може да претставува проблем и за македонските снабдувачи и крајните потрошувачи и да влијае на цената.

Бајрам Реџепи, извршен директор на акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, во интервју за телевизија Телма вели дека на оваа одлука на Бугарија во никој случај не може да се влијае и оти треба во рамките на можностите да се направи тоа што е возможно.

Според Реџепи, освен тоа што е воведена таксата од 10 евра за мегават-час, друг поголем проблем, како што вели, е што има обврска над 70 отсто од количините да бидат земени од „Гаспром“.

„Ова прави исклучително тешка ситуација што може да влијае на нашиот пазар, да има поскапување, во зависност од цените на берзите, од 20 до 25 отсто што е енормно и тоа ќе прави големо нарушување“,

вели Реџепи.

Тој вели дека не побарале од Бугарија да ја смени таксата, туку е побарано да го ослободат тој капацитет што не се користи во моментов, а тоа, како што објаснува Реџепи, им е обврска според ЕУ-директивите.

„Тој капацитет што е закупен и не е користен они треба да го ослободат за другите потрошувачи и снабдувачи. Конкретно тоа го побаравме од ‘Булгартрансгас’ и од ‘Енерџи комјунити’ и они треба да ги почитуваат тие ЕУ директиви и меѓународни договори, да го ослободат тој капацитет и во таков случај нема да бидеме зависни од тие 10 евра што ги воведоа за пренос на руски гас“,

вели тој.

На прашањето што доколку не се најде алтернатива, Реџепи вели дека тоа ќе направи големо нарушување на пазарот на природен гас кај нас.

„Може да дојде и до најлошото, да ескалира ситуацијата бидејќи ако ‘Гаспром’ одлучи да не ја плати таа такса може да дојде во ситуација за неколку месеци тие да ги затворат вентилите за руски гас“,

додава тој.

За тоа дали ќе се најде решение за Македонија, Реџепи вели дека има веќе одредени известувања од страна на Европската комисија дека се започнати преговори за решавање на овој проблем.

„Ќе го чекаме исходот. Иницирана е веќе постапка во ‘Енерџи комјунити’, а тоа не зависи од нас, тоа треба да се реши во рамките на Европската комисија“,

додава тој.

За тоа до кога земјата е стабилна и сигурна дека не треба да плаќа ништо дополнително врз основа на она што го има воведено Бугарија, Реџепи вели дека неговите очекувања се оти и ноемвриските договори ќе бидат без вклучување на овој данок.

„Секако ако потоа не се најде решение тоа ќе биде голем проблем бидејќи ќе се случува во текот на зимата кога е најголема потрошувачката и во држвата и во регионот“,

додава Реџепи.

Новиот предлог-закон во Бугарија, кој стапи во сила веднаш, воведува давачка од 10,76 долари по мегават-час гас од руско потекло. Ова е околу 20 отсто од цената на европскиот репер за гас со кој се тргува во регионалниот центар Амстердам, пренесуваат бугарските медиуми.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Змиско око“ застаре по 16 години – обвинетите ќе тужат и ќе бараат отштета до максимум

Следно

Спасовски: Ја следиме безбедносната состојба, сите активности се анализираат

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop