Во Северна Македонија организиран протест за поддршка на Палестина

October 20, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Протест за поддршка и солидарност со палестинскиот народ организираше Платформата за поддршка на Палестина во Скопје, со слоганот „Немој да молчиш за масакрот“, известува Анадолу.

Граѓани од различни националности, особено Турци, Македонци, Албанци, Босанци и Роми, се собраа на историскиот плоштад „Мурат-пашина џамија“ во Старата скопска чаршија, носејќи транспаренти со поддршка за Палестина и против Израел.

На транспарентите пишуваше: „Спасете ја Палестина“, „Спасете ја Газа“, „Слободна Палестина“, „За да ја поддржите Палестина доволно е да сте човек“, „Израел е вистинскиот терорист“, „Престанете да го правите она што ви го правеше Хитлер“, „Поддршката за Палестина значи поддршка за човештвото“, „Молете се за Палестина“, „Не допирајте ја џамијата Ал Акса“, „Стоп за масакрот, ова е геноцид“, „Не можеме да дишеме уште од 1948 година“.

Како дел од протестот, демонстрантите развиорија знамиња на Палестина, Туркије, Албанија и Северна Македонија, беше рецитиран Куранот, кажани беа молитви и беа извршени погребни молитви во отсуство за оние кои ги загубија животите во нападите.

Декларацијата на организаторите беше прочитана на 3 јазици: турски, македонски и албански.

Посочувајќи дека Израел врши контролирани масакри врз палестинскиот народ уште од 1948 година, користејќи различни нехумани методи како присилна миграција, ограничување, ембарго, притисок, малтретирање и масакр, во декларацијата се наведува: „Израел долги години е во позиција на окупатор во регионот и слично како во минатото, и деновиве врши дејности на притисок и насилство врз муслиманското население во Палестина, првенствено во Газа. Нападите на Израел во кои цел се цивили, меѓу кои значителен дел се жени и деца, кулминираа со бомбардирањето на баптистичката болница Ал Ахил, акт кој е неприфатлив за човештвото. Ние, како поединци со хумана свест, не можеме да останеме неми пред ова злосторство.“

Во декларацијата се истакнува дека меѓународната заедница, особено Обединетите нации (ОН), само го набљудуваат израелско-палестинскиот судир и не преземаат никакви мерки на претпазливост против масакрот извршен врз невините луѓе во кој досега животот го загубија повеќе од 3.500 Палестинци, главно деца.

„Овој амбивалентен став на меѓународната заедница, која останува слепа пред систематското долгогодишно кршење на човековите права на угнетеното палестинско население, во ниту еден случај не го одразува нашето мислење, на совесните граѓани на Северна Македонија. Затоа, во оваа прилика, апелираме веднаш да се преземат чекори за да престанат овие напади кои брутално го газат човечкото достоинство. Би сакале да потенцираме дека како заедници на овој регион кои беа изложени на низа масакри и геноциди кон крајот на 20 век, се солидаризираме со нашите браќа и сестри од Палестина“, се вели во декларацијата.

Во продолжение се наведено дека палестинското прашање продолжува упорно да се игнорира, иако е тоа прашање за достоинство на целиот свет, на глобалното владеење и безбедносниот поредок и на сите институции со одговорност и авторитет. Се истакнува дека е потребно, особено за земјите од регионот, што поскоро да се преземат чекори за воспоставување мир и просперитет.

Во декларацијата се наведува дека САД, Европа и земјите од регионот се повикани да усвојат став заснован врз правичен, рамноправен и хуман баланс меѓу страните.

„Овие нечовечки политики на Израел се најостро осудени од сите страни на општеството. Секое разбирање кое го поддржува злосторството и злосторникот неминовно ќе го снема. Без разлика на сѐ, ние сме покрај угнетениот палестински народ“, се вели на крајот од декларацијата.

Платформата за поддршка на Палестина е платформа формирана од здруженија на различни националности во Северна Македонија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сфаќа ли ЕУ каде ја утна со имиграцијата?

Следно

Мизрахи: Сали и Меџити велеа дека ќе си понесат политичка одговорност, Филипче на прашањата одговораше „Не знам“

Latest from Blog

Заврши изборната кампања пред утрешните парламентарни избори во Албанија

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа на неделните парламентарни избори, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања. Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама,

Денвер Нагетс во продолжение ја совлада Оклахома Сити Тандер и поведе со 2-1 во плејофот на НБА

ИСТАНБУЛ (АА) – Во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Денвер Нагетс на домашен терен ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113-104 во продолжението и поведе со 2-1 во серијата, известува

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во

Во изминатите пет години, преку „Генералка викенд“ се собрани над 1.000 тони отпад

Започна новото издание на „Генералка викенд“ – иницијатива за масовно чистење на отпадот што несовесни граѓани го оставаат низ природата. Илјадници волонтери од сите општини низ земјата се вклучени во акцијата, која

Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време. На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните
Go toTop