Израелската Влада одобри вонредна регулатива за затворање на „Ал Џезира“ во Израел

October 20, 2023
1 min read

КУДС / ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската Влада денес одобри вонредна регулатива што дозволува затворање на Канцеларијата на новинскиот канал Ал Џезира во Израел, пренесува Анадолу.

Израелскиот државен медиум, КАН, објави дека според регулативите, Канцеларијата на Ал Џезира може да биде затворена и целата нејзина опрема да биде конфискувана.

КАН додава дека израелските власти сметаат дека известувањето на Ал Џезира ѝ штети на националната безбедност на Израел.

Израелската информативна веб-страница „i24“ пренесе официјално соопштение во кое се вели дека мрежата Ал Џезира „емитува пропаганда во служба на Хамас на арапски и англиски јазик за гледачите низ светот“.

Мрежата Ал Џезира ги отфрли сите овие наводи, но допрва се очекува коментар за последната одлука на Израел.

Телевизијата Ал Џезира, чие седиште е во Катар, се смета за една од главните медиумски мрежи која целосно ја покрива ситуацијата во Газа, Израел и јужен Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје отворен новиот трговски центар „Дајмонд мол“ од групацијата „Лимак“

Следно

Стефковски: Ќе се отстранат сите дивоградби во Гази Баба за кои има соодветни пријави

Latest from Blog

Адвокатот на Линдзи Кленси бара од Трамп да ја помилува, иако таа призна дека си ги убила своите три деца (ВИДЕО)

„Господине претседателе, се надевам дека ќе размислите за тоа каква личност е оваа млада жена, низ што поминала и ќе ја разгледате можноста за помилување“, рече адвокатот Кевин Редингтон во интервју за

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина
Go toTop