„Запрете го геноцидот“, порачаа британските Евреи во Лондон

October 20, 2023
2 mins read

ЛОНДОН (АА) – Десетици луѓе се собраа вчера на демонстрации во британската престолнина Лондон протестирајќи против израелските напади на Газа и во знак на сеќавање на загинатите во нападот на баптистичката болница Ал-Ахли, јавува Анадолу.

На протестот, организиран од еврејската група На’амод на Плоштадот на Парламентот, критикувана е и британската Влада поради нејзиното премолчување за тоа што се случува во Газа.

Насобраните извикуваа слогани, како „Запрете го геноцидот“, „Моментален прекин на огнот“ и „Ослободете ги заложниците“. Некои држеа транспаренти на кои пишуваше „Британските Евреи бараат слобода и еднаквост за сите Палестинци“.

Читајќи ја изјавата во името на групата, Дени, кој го наведе само своето име, рече дека ситуацијата во Газа се влошува со секој поминат час.

Осврнувајќи се на израелските воздушни напади изведени во вторникот врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, тој рече дека ужасните сцени на уништување шокирале милиони низ светот.

Зборувајќи дека ја делат болката со оние што сѐ уште жалат за убиените во нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври врз израелските градови, тој додаде дека се надева на ослободување на 200 киднапирани израелски државјани.

„Не можеме да стоиме со скрстени раце додека израелската војска, пред наши очи, се впушта во колективно казнување, убивајќи илјадници и насилно раселувајќи над еден милион палестински цивили во Газа. Ова е злосторство против човештвото“, додаде тој.

Критикувајќи ги изјавите на израелското раководство за „самоодбрана“, рече дека не разбираат „каков бил контекстот во кој бомбардирањето на цивилни цели би можело да се смета за пропорционално или неопходно“.

Тој додаде дека ниту еден Палестинец не би требало да биде поврзан со „воените злосторства на Хамас“, како што ниту недолжните израелски цивили не би требало да ја сносат одговорноста за „воените злосторства на нивната влада“.

Јасемин Ахмед, британска директорка на организацијата Хјуман Рајтс Воч (ХРВ), ги осуди нападите од 7 октомври, но додаде дека „ништо не ги оправдува воените злосторства.“

„Ништо не ги оправдува неселективните убиства. Ништо не го оправдува колективното казнување на населението што противправно е под опсада последните 17 години“, истакна таа.

Повикувајќи на почитување на меѓународните обврски, Ахмед рече дека храната, водата, горивото и сите основни потреби треба да бидат доставени во Газа.

„Можете ли да замислите вечерва да си легнете во кревет (знаејќи дека) вие и вашето семејство можеби нема да преживеете? Дури и ако сте во зграда на ОН и барате засолниште, дури и доколку сте во болница и барате засолниште, не сте безбедни во Газа“, рече директорката на ХРВ на Британија.

Таа додаде дека британскиот Парламент и Владата не сториле „ништо“ да го спречат тоа со што се соочуваат луѓето во Газа.

„Риши Сунак (премиер на Велика Британија) и Џејмс Клеверли (министер за надворешни работи), ќе останете запаметени во историјата по тоа што не станавте и не му рековте на Израел дека не може колективно да го казнува целото население. Ќе останете запаметени по своето молчење и соучесништво“, рече Ахмед.

Газа преживува тешка хуманитарна криза. Овој регион е без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската војска како одговор ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Најмалку 3.785 Палестинци загинаа во израелските напади на Газа, а во нападите на Хамас животот го загубија 1.400 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: „Снус“ – за малолетниците лесно достапен никотин плус

Следно

Седум кандидадти за нови амбасадори: Жерновски во Букурешт, Тупанчевски во Белград, Насев во Пекинг…

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за
Go toTop