Барајте дебата, не цензура

October 19, 2023
2 mins read

Од времето на пандемијата, авторитарците најцинично ги прогласија „дезинформациите“ за најголем противник, во суштина за да  цензурираат и да го задушат несогласувањето за сè, од ефикасноста на маските и вакцините до војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и лаптопот Хантер Бајден.

Без оглед на нечија политичка наклонетост, оваа нова форма на контрола на говорот е закана за сите. Само со слободно дебатирање во ваков фрагментиран свет, може да изразат разликите, без прибегнување кон насилство.

За таа цел, група од 136 интелектуалци и креативци од лево, десно и централно на политичкиот спектар се собраа за да го предупредат светот дека овој брзорастечки режим на цензура „ги поткопува основните принципи на претставничката демократија“.

Во нивната, деновиве објавена „Вестминстерска декларација“, потсетуваат дека најдобриот начин за борба против реалните дезинформации е слободата на говорот (на ова осип ќе добијат домашните лигуши кои живеат од грантови за „обуки против дезинформации“).

Во тоа шарено друштво се Џулијан Асанж, еволуционистот Ричард Докинс, филозофот Славој Жижек, монитпајтоновеџот Џон Клиз, канадскиот клинички психолог Џордан Питерсон, режисерот Оливер Стоун (некогаш го пишуваме Стон), биологот Брет Вајнстин, харвардскиот професор Џеј Батачарја, свиркачот Едвард Сноуден, актерот Тим Робинс, новинарите Мајкл Шаленбергер и Мат Таиби (сè ова погоре се оффнет линкови што сме пишувале за и од нив, пробајте тие имиња да ги побарате на грантџиските сајтови на фејк борците за вистина, да видите разлика).  

Вестминстерската декларација доаѓа во време кога Европската унија се обидува да наметне проширен режим на цензура на социјалните медиуми и пребарувачите, вклучувајќи ги Икс, Гугл и Фејсбук, користејќи „проверени истражувачи“ од внимателно одбрани невладини организации и академски кругови.

Вестминстер групата се длабоко загрижени поради обидите килаво дефинираниот поим „дезинформации“ да се користи како оружје против неистомисленици, што резултира со цензура на обични луѓе, новинари, дисиденти…

„Ширум светот, владини актери, компании за социјални медиуми, универзитети и невладини организации сè повеќе работат на мониторинг на граѓаните и на нивниот глас“, велат потписниците.

Наведуваат и примери на цензура:

* Во Индија и Турција, властите отстрануваат политички непријатни содржини од социјални платформи.
* Германија и Бразил го „криминализираат политичкиот говор“.
* Предлог-законот за „говор на омраза“ на Ирска, сличниот во Шкотска, англискиот „закон за онлајн безбедност“,  австралискиот предлог-закон за „дезинформации“….

Сите овие уредби се закануваат сериозно да го ограничат изразувањето и да создадат ефект на застрашување. Во САД преовладуваат посуптилни методи на цензура, вклучувајќи филтрирање, намалување на видливоста, етикетирање и манипулација со резултатите од пребарувачите.

„Преку деплатформирање и ставање етикети, цензорите на социјалните мрежи веќе замолкнаа многу мислења за теми од национално и геополитичко значење. Го направија тоа со целосна поддршка на ‘експерти за дезинформации’ и ‘проверувачи на факти’ во мејнстрим медиумите, кои им свртеа грб на новинарските вредности за дебата и интелектуалното истражување“.

Вестминстер групата предупредува дека цензурата е контрапродуктивна: таа сее недоверба, поттикнува радикализација и го делегитимира демократскиот процес. Потсетуваат дека во сета човечка историја, нападите на слободата на говорот секогаш биле претходник на нападите на сите други слободи. Она што денес е различно е стравичниот размер и моќта на технолошките алатки преку кои може се спроведува цензура.

Слободоумните интелекталци не ги адресираат само властите и центрите на моќ туку и самата јавност која е сè повеќе помирлива со „правилата“.

Од публиката се бара да ја отрфли климата на нетолеранција (каква што шират разни Руменки) која поттикнува авто-цензура и наместо страв и догматизам, да се побара истражување и дебата.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Девојче во игротека во Скопје допрело цевка и се здобило со изгореница од струен удар

Следно

Бајден избегна да одговори на прашањето дали Израел во Газа дејствува во согласност со законите на војната

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop