Интересна оставка во Стејт Департментот

October 19, 2023
1 min read

Џош Пол, директор за конгресни и јавни работи во Бирото за политичко-воени прашања на Стејт Департментот, на интернет го објави своето писмо со оставка како редок чин на јавно несогласување со администрацијата на Бајден, во време кога, после посетата на Тел Авив, претседателот од Конгресот планира да побара досега невиден пакет воена помош за Израел.

Пол, кој во Стејт департментот бил 11 години, го нарече одговорот на администрацијата на Бајден „импулсивна и пристрасна реакција“ и „интелектуален банкрот“. Вели дека дека не може повеќе да работи во поддршка на кусогледа, деструктивна и неправедна политика.

Бајден, кој е првиот американски претседател кој го посетил Израел додека е во војна, е цврст во својата поддршка за Израел (а можеше поинаку). Го осуди „крвавите раце на терористичката Хамас“ за нападите од 7 октомври и најави нови санкции за неговите лидери. 

Како фуснота, побара гаранции од Нетанјаху дека израелските воздушни напади нема да гаѓаат цивили во Газа велејќи дека „огромното мнозинство Палестинците не се Хамас“.

Од 7 октомври до денес загинаа над 3.000 Палестинци и над 1.300 Израелци.

„Денеска заминувам бидејќи немам каде во однос на нашето континуирано – згора проширено и забрзано – обезбедување на смртоносно оружје за Израел. Да бидам јасен: нападот на Хамас врз Израел беше врвна монструозност, но, до сржта на мојата душа верувам дека одговорот на Израел, а со тоа и американската поддршка и за тој одговор и за статус кво на окупацијата, само ќе доведат до повеќе и подлабоки страдања и за израелскиот и за палестинскиот народ, а тоа не е долгорочен американски интерес“, напиша екс директорот.

Вели дека се плаши дека САД ги повторуваат истите грешки што ги правеше изминатите децении и дека тој одбива и натаму да биде дел од тоа.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавена книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“

Следно

Израел: Испораката на помош од Египет за Газа ќе започне наскоро

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop