Израелската државна телевизија: Војската ги заврши подготовките за копнена офанзива во Газа

October 19, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската армија ги завршила подготовките за спроведување копнена офанзива во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Израелската државна телевизија КАН објави дека сите активности, вклучително и движењето и позициите на силите, укажуваат на тоа дека армијата е подготвена да влезе во палестинската енклава.

Се истакнува дека влегувањето во Газа ќе ја означи втората фаза од војната по расчистувањето на израелските населби од палестински вооружени лица.

Во саботата, израелската војска соопшти дека ја зголемува својата оперативна подготвеност за следната фаза од војната, во врска со копнената инвазија на Газа.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Најмалку 3.478 Палестинци загинаа во израелските напади врз Газа од 7 октомври. Повеќе од 1.400 лица загинаа во нападите врз Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: (Не)легален увоз и продажба на никотински кесички – новата мода кај тинејџерите

Следно

Ковачевски: Во моментот не зборуваме за преклопување на датуми за избори, туку за избори во редовен термин

Latest from Blog

МФ: Капиталните инвестиции остануваат двигател на економскиот раст

26 мај 2026, Скопје – Обезбедување оддржливи и стабилни јавни финансии на среден и долг рок, спроведување постепена и одговорна фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит, зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во услови

Историски момент за Македонците во Албанија: Семинарот на АГСМ при ФУЕН за првпат во Тирана

29-тиот семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН ќе се одржи од 4 до 7 јуни во главниот град на Албанија, Тирана. Средбата е организирана од ФУЕН во соработка

ДРАМА НА ЕДНА ГОДИНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ во Франција – Десницата убедливо води, корупциски скандал го урна најголемиот ривал!

Само неколку дена по веста дека против претседателот на француската партија „Хоризонти“, Едуар Филип, е покрената официјална истрага за сомнежи за проневера на јавни средства, фаворизирање, незаконски судир на интереси и изнуда

Мицкоски: Со Пленковиќ разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави

Премиерот Христијан Мицкоски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претпладнево во Охрид одржаа тет-а-тет средба, а потоа им се придружија на делегациите на владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“. – Во пријатна
Go toTop