Пентагон: САД обезбедуваат безбедносни системи за елиминирање на Хамас, а не за убивање цивили

October 17, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американското Министерство за одбрана (Пентагон) соопшти дека му обезбедува безбедносни системи на Израел за да ја елиминира палестинската група Хамас и дека тоа не значи убивање невини цивили во Палестина, јавува Анадолу.

„Ние секако му ги даваме на Израел безбедносните системи кои му се потребни да го отстрани и ефективно да го потисне Хамас во Газа. Тоа не значи убивање на невини цивили“, рече заменик-секретарката за медиуми, Сабрина Синг, на брифингот со новинарите.

Нејзината изјава дојде како одговор на прашање за вестите за израелски напад врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа.

„Свесна сум за вестите, но немам што да понудам повеќе во овој момент“, рече таа за нападот, во кој загинаа стотици луѓе.

Пофалувајќи ја израелската армија како „многу способна и професионална“, Синг рече: „Ние веруваме дека безбедносната помош што тие ја користат во Газа ќе се користи правилно, и ќе се користи за таргетирање на Хамас, но и овозможување хуманитарна помош за цивилите.“

Синг истакна дека американските официјални претставници продолжуваат со своите контакти со Израелците за да се осигураат дека цивилите во Газа го имаат она што им е потребно, и дека можат да бидат евакуирани во безбедни области.

Над 500 лица загинаа во израелски воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, изјави за Анадолу портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кудра.

На снимките од местото на нападот се гледаат трупови во кругот на болницата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел: Нападот врз болницата е „трагедија која се одвива пред нашите очи“

Следно

Дожд наутро, во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди

Latest from Blog

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат
Go toTop