Кои се луѓето што седеа лево и десно од Максим Димитриевски на промоцијата на Движење ЗНАМ

October 16, 2023
2 mins read

Идејниот творец на новата политичка партија беше прашан за коментар на тоа што двајца од тројцата главни говорници на настанот за потпишување на Иницијативата за формирање на новиот субјект беа – професорка историчарка (Катерина Тодороска, н.з.) со еден неуспешен обид во политиката (во 2020 година беше носителка во Изборна единица 1 на листата на Демократи и освои 217 гласа – најмалку од 14-те пријавени листи) и поранешен висок армиски старешина (генерал Павле Арсовски, н.з.), кој не доби НАТО-сертификат

Максим Димитриевски во интервју за „360 степени“

Идејниот творец на политичката партија во процес на регистрација – Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 беше прашан и за тоа кои луѓе седеа до него на настанот кој се одржа пред една недела во Скопје за потпишување на иницијативата за формирање на новиот .

360°: Двајца од тројцата главни говорници на настанот за потпишување на Иницијативата за формирање политичка партија беа – професорка историчарка (Катерина Тодороска, н.з.) со еден неуспешен обид во политиката – се обиде да стане пратеничка во 2020 година, беше носителка во Изборна единица 1 на листата на Демократи и освои 217 гласа – најмалку од 14-те пријавени листи. Вториот е поранешен висок армиски старешина (генерал Павле Арсовски, н.з.), сега во пензија, кој не доби НАТО-сертификат. Како го коментирате ова?

Димитриевски: Имам високо мислење и за двајцата говорници. Што се однесува до успехот на професорката, мислам дека целиот тој резултат на тие избори и ситe претходни досега единствено е последица на црно-сивиот свет во којшто ние живееме.

360°: Црно-бел, претпоставувам?

Димитриевски: Не црно-бел, туку црно-сив, бидејќи ние бел немаме веќе 30 години и дојдено е време да влезе и некоја посвежа боја на политичката сцена во Македонија, каде што ние како субјект ќе го организираме тоа, ќе им го понудиме на граѓаните. Што се однесува до нивните професионални ангажмани, јас не можам да тврдам во нивно име и тие самите треба да кажат за себе. Инаку, што се однесува до ставовите, мислењата, состојбите во државата, апсолутно сме истомисленици. Генералот Павле Арсовски е човек што јас го имам запознаено овде како градоначалник, работел и функционирал целиот негов период во рамките на мојот мандат и како претседател на Совет… Зошто нема добиено сертификат, тоа треба да се праша претседателот на државата, неговите претпоставени, но тој знам дека води судска постапка, бидејќи сметам дека ние неосновано и многу некоректно ги изложивме нашите највисоки воени официри на јавен блам, каде што дозволивме на нив да се покажува со прст.

На новинарска констатација дека претседателот не ги дава сертификатите, туку НАТО, Димитриевски вели:

„Да, но видете, тој им е претпоставен и секогаш мора да постои образложение за тоа, бидејќи не можете вие да дозволите, како организирана држава, да давате сертификат – државна тајна, како што јас сум го имал тој сертификат од позиција на претседател на собраниска комисија за одбрана и безбедност, а подоцна да ви се случуваат вакви феномени каде што нема да добиете. Вие имате денеска луѓе во Владата, на високи одговорни функции, па и на полето на безбедноста, кои до ден-денеска немаат добиено ваков сертификат и треба да се побара официјален одговор. Едноставно, голем број високи воени старешини не се стекнаа со овој сертификат. Зошто – треба да се прашаат тие коишто го издаваат или, пак, лично тој на којшто не му е доделен“.

На прашање – зошто на настанот видливо отсуствуваше уставното име на државата, Димитриевски кажа дека иако Република Северна Македонија е официјално држава, никој договор не забранува да се користи Макеоднија и додава – никој на Македонецот не може да му го искорени името Макеоднија од самиот себеси.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сè повеќе истакнати писатели го креваат својот глас за достоинството на Друштвото на писателите на Македонија

Следно

Нови, непознати информации до сега: Александар Николоски гостува на Алфа

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop