Градот Газа ќе го нема, но за Хамас не се знае

October 16, 2023
3 mins read

Помина една недела откако се случија ужасните напади на Хамас врз Израел, а формата на реакцијата на израелските вооружени сили е јасна и бескомпромисна. Една седмица израелските авиони вршат деноноќно бомбардирање на невоени цели во градот Газа. Станбени згради, болници и џамии се распарчени, без претходно предупредување и обид да се минимизираат цивилните жртви.

На луѓето им беа  фрлани летоци во кои им се кажува дека оние кои сакаат да преживеат, најдобро е да тргнат кон југ, едно 40 километри до преминот Рафах со Египет. 

Во моментов  не е јасно дали финансиски погодениот Египет ќе дозволи преминување на милион имигранти, многу од нив посветени на каузата на Хамас. Израелски инсајдер ми кажа дека Израел се обидува да го убеди Катар да се здружи со Египет во финансирање на град со шатори за милион и повеќе бегалци кои чекаат отаде границата. „Тоа не е завршена работа“, ми тврди израелскиот инсајдер.

Една можна локација, вели инсајдерот, е одамна напуштено парче земја во северниот дел на Синајскиот Полуостров, каде што се наоѓаше израелската населба Јамит кога полуостровот беше заземен од Израел.  Населбата беше евакуирана и срамнета со булдожери од Израел пред Синај да биде вратен на Египет во 1982 година.

Следната фаза мора да дојде наскоро, бидејќи безобѕирноста на Израел кон страдањата на луѓето од Газа го привлече светското внимание и меѓународната осуда е сè посилна.

Еве што ми беше кажано, во последните разговори со официјални лица од Израел и од други места, за израелскиот план за елиминација на Хамас.

Главното прашање за израелските воени планери е неподготвеноста, и покрај мобилизацијата на повеќе од 300.000 резервисти, да се вклучат во улични битки од врата до врата со Хамас во градот Газа. Ветеран и своевремено висок функционер на израелската армија ми рече дека изминатата деценија, половина од израелската армија била ангажирана во голем број мали населби расфрлани на Западниот Брег каде наидувале на јасна омраза од палестинското население.

„Израелските планери не ѝ веруваат на својата пешадија“, вели инсајдерот, ниту на нивната подготвеност да одат во војна, заради сериозниот недостаток на борбено искуство.

Бидејќи изгладнето цивилно население ќе биде принудено да замине, израелскиот оперативен план бара воздухопловните сили да ги уништат преостанатите структури во градот Газа и на други места на север. Град Газа повеќе нема да има. Израел потоа ќе започне да фрла бомби од 2,5 тони од американско производство, познати како „уништувачи на бункери“ со кои ќе бидат сраменти со земја сите области на кои се сомнева дека борците на Хамас се кријат и под земја го произведуваат своето оружје.

Таканаречена „мајка на сите бомби (GBU-43/B)“, Американците фрлија врз команден центар на ИСИС во Авганистан во април 2017 година. Подобрената верзија со ласерско водење беше одобрена за продажба на Израел од администрацијата на Обама пред една деценија, а Израел купи и 1.000 помали разбивачи на бункери, управувани со ГПС, пред две години. Веќе тогаш Нетанјаху и неговите советници сфатија дека кокетирањето со Хамас е опасно, како да чуваш тигар за домашно милениче. „Ќе те изеде за една минута“, вели инсајдерот.

Израелски воени планери се убедени дека надградената верзија на GBU-43/B ќе пенетрира во земја меѓу триесет и педесет метри  и потоа ќе се детонира, со експлозија и звучен бран што ќе ги убие сите во дијаметар од еден километар.

На Израел му е јасно дека Хамас сака цивилие да останат заради нивната потрева од „човечки штитови“ па новиот план за принудно излегување ќе биде алиби „барем не ги убивме сите луѓе“. Концептот датира од раните години на Виетнамската војна во Америка, кога беше изведена присилна релокација на виетнамски цивили, а напуштените места беа прогласени за легитимни мети на американската авијација.

Запрашан зошто израелските планери се убедени дека египетската влада ќе се согласи, дури и под притисок на администрацијата на Бајден, да прифати повеќе над еден милион бегалци од Газа, инсајдерот ми вика: „Го држиме Египет за јајца“. Мисли на скорешните обвиненија за демократскиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси и неговата сопруга за за корупција во неговите деловни зделки со високи египетски функционери; притоа и разузнавачки податоци биле во оптек.

Не сите се убедени во тоа. Поранешен европски разузнавач кој служел со години на Блискиот Исток ми вели: „Египќаните не сакаат Хамас да им влезе во Египет, тие ќе го направат само она што ептен мораат“.

Вика дека на оние тешки бомби се надеваат само оние што не знаат што да прават. Тоа се муабети на лидерство кое е во нокдаун. Хамас вика „Ајде бе, дечки.“ Тие го чекаат тоа. Нивниот напад беше внимателно планирана операција и точно знаат каква би била изралеската реакција. Уличното војување е ужасно.

Сејмор Херш

************

Види и:

Од М само за Мајтап останавме

Како Америка го уништи Северен тек

Како медиумите ја саботираа саботажата на Северен тек

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Населба во Тетово без вода за пиење, општината ветува решение во 2024 година

Следно

Хеликоптерот на МВР исфрли над 62 тони вода, локализирани пожарите во Кондово и велешко (ВИДЕО)

Latest from Blog

Уапсени две лица од Скопје, носеле кокаин!

На 09.01.2025 во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Т.(23) и Ф.Т.(26), двајцата од Скопје, затоа

Аерозагадувањето e причина за сите респираторни тегоби, ординациите се преполни

Ларингити, синузити, пневмонии и останати горни респираторни проблеми деновиве ги полнат ординациите. Лекарите со кои поразговаравме велат дека симптоматологијата е слична кај многумина пациенти – кашлица која трае со недели, болно грло,

Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд

Данската влада предложи купување на два нови арктички истражувачки брода и зголемување на бројот на патроли со санки за кучиња, со цел да се зајакне военото присуство на Гренланд, пренесуваат британските медиуми.

Пет интерпелации во еден ден, помина само една, но според Кабинетот на претседателот на Собранието, нема обврзувачки последици

Собранието до доцна синоќа расправаше по петте интерпелации поднесени против четворица членови на Владата и претседателката на собраниската Комисија за социјална политика.  Пратениците во Собранието не ги изгласаа интерпелациите за вицепремиерот и
Go toTop