Битиќи: Со дигитализација овозможуваме полесен, побрз и транспарентен пристап до јавните услуги

October 16, 2023
1 min read

реклама


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со претставници на Атлантскиот совет, непартиски тинк-тенк за надворешна политика со седиште во Вашингтон, која преку нејзиниот Европски центар, е посветена на одржување на Западен Балкан цврсто усогласен на евроатланскиот пат.

На средбата на вицепремиерот Битиќи со Лиса Хомел, помошник-директор на Атлантскиот совет за Европа и Рејчел Ризо, дел од проектот „Дигитален Западен Балкан“, се дискутираше за потенцијалот на дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан како и моменталниот статус на дигитализацијата во Република Северна Македонија со идентификување на клучните предизвици и можности за дигитализација и во приватниот и во јавниот сектор.

реклама

Вицепремиерот Битиќи од негова страна ја потврди личната заложба, и таа на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) за целосна дигитализација на услугите во државните и јавните институции, кои за нашите граѓани ќе значи полесен и побрз пристап до процесите кои се од огромна важност за нив.

„Целосното автоматизирање на услугите значи и поголема достапност за сите наши граѓани, но најмногу за оние кои се вброени во маргинализираните групи во општеството, што претставува еден од чекорите кои ги преземаме за искоренување на сиромаштијата“, рече Битиќи.

реклама

Вицепремиерот Битиќи ги запозна соговорниците со првиот дигитален асистент во јавниот сектор, АДА, кој го олесни пристапот на државна поддршка за сите компании во Северна Македонија како и за сите оние странски компании кои сакаат да инвестираат во нашата држава.

Ова рече Битиќи е јасен показател за посветеноста на Владата кон целосна транспарентност на процесите кои се поврзани со инвестициските текови во РСМ како на домашните така и на странските компании.

реклама

Во рамките на проектот „Дигитален Западен Балкан“, соговорничките од Атлантскиот совет– Europe Center, ќе продуцираат извештај за дигитализацијата на Западниот Балкан, кој потоа ќе биде основата за идни предлози за регионална соработка на бизнис секторот со платформи поддржани од државните институции во регионот како и претставување на „добрите политики“ кои веќе покажуваат ефективни резултати.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брат, фаќај си дрво

Следно

Маричиќ: Амбициозен, но достижен датум е 2030-та

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop