Предложен притвор за осомничени за илегална трговија со дрога во Гевгелија и Делчево

October 16, 2023
1 min read

реклама


Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во временскиот период од јуни до 13 октомври годинава, во дворот од неговата семејна куќа во Гевгелија, засадил семки од растението канабис, редовно ги наводнувал и кога растенијата доаѓале во фаза на цветање ги собирал цветните завршетоци и ги сушел.

реклама

При претрес во домот и помошните простории на осомничениот полицијата пронашла 29 стебла канабис со висина од 15см до 120см со оформени цветни завршетоци. Во неговата соба бил пронајден алуминиумски омот со 0,26 грама наркотична дрога марихуана, рачно изработена цигара со 0,77 грама марихуана, семки од растението со вкупна нето маса од 3,80 грама, како и остатоци од кокаин, хероин и МДМА, пронајдени на различни предмети.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор.

реклама

Основното јавно обвинителство Кочани, пак, предложи притвор за 41-годишен жител на Делчево, кај кого на 13 октомври беа пронајдени повеќе пакувања наркотична дрога – кокаин со вкупна нето маса од 29,15 грама.

Осомничениот бил сопрен за контрола и преглед додека управувал автомобил, при што со возилото се дал во бегство и се обидел да се ослободи од дел од дрогата, фрлајќи неколку пакувања низ отворениот прозорец. Меѓутоа бил запрен и лишен од слобода, а против него исто така е поведена истрага за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

реклама

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНФПА: Околу 50.000 бремени жени во Газа не можат да добијат основни здравствени услуги

Следно

„Префрлање на одговорноста (II): Од точка А до точка Б“- самостојна изложба на Сашо Станојковиќ во КСП Центар Јадро

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop