Османи: Потребно е да се набави владин авион кој ќе одговори на кризни ситуации

October 15, 2023
1 min read

реклама


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во 21Анализа на ТВ21 зборуваше за евакуацијата на нашите граѓани од Тел Авив.

Османи кажа дека е неопходно владата да набави авион, но тоа е тешко затоа што јавноста ќе го смета тоа како луксуз, вели Османи.

реклама

Тој коментираше дека пред евакуацијата, Владата имала седница на која одлучено е да се обезбеди чартер лет за евакуација на наши граѓани од Тел Авив, но тоа било многу тешко поради ситуацијата во Израел.

„Владата веднаш свика седница и обезбеди средства до СЗР да обезбеди веднаш чартер лет. Но поради безбедноста беше тешко да обезбеди таков лет до Тел Авив, и се најде Ер-Србија како авиокомпанија која прифати да склучи договор со Владата. СЗР ги покри трошоците на сите граѓани, така што граѓаните не беа принудени да платат“, изјави Османи и додаде:

реклама

„Но, ова уште еднаш зборува за фактот колку ни отежнува што немаме владин авион. Албанската влада уште прв ден ги евакуираше своите граѓани, затоа што имаше свој владин авион. Сите влади не се осмелуваат да набават свој авион, затоа што реакцијата на јавноста би била дека тоа би било луксуз. Ете на пример вакцините доцнеа поради тоа што немавме авион. Имаме владино летало, но тоа не е соодветно да одговори на вакви ситуации. Затоа вакви работи покажуваат дека има потреба, но за тоа ќе видиме понатаму“, рече Османи.

реклама

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маричиќ: Блиску сме до целта, ЕУ работи на реално забрзување на пристапниот процес

Следно

Мицкоски: Првиот чекор кој што ќе го направи ВМРО-ДПМНЕ е да се вратат парите кај граѓаните, оваа Влада единствено има политички криминалци

Latest from Blog

Николоски: Се поклонуваме пред хероите кои го дадоа животот за Македонија

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила, во кој животите трагично ги загубија осум македонски бранители. По тој повод, делегација на Владата предводена од вицепремиерот и министер за транспорт

Божиновска за emagazin: Градиме модерен енергетски систем усогласен со европските стандарди

Во период кога енергетската безбедност, зелената транзиција и европските реформи се меѓу најважните државни приоритети, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведува интензивни законски и институционални промени. За досегашните резултати, но

Крај на сагата – Хари Кејн: Англичанецот им ја соопштил својата одлука на челниците на Баерн

Летниот преоден рок веќе ни донесе неколку познати трансфери, но се чини дека најдоброто допрва доаѓа. Со недели се шпекулираше за судбината на Хари Кејн, кој официјално влезе во последната година од

ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ АТИКА – Пожарникари од три земји се борат со огнот, издадена евакуација

Голем пожар избувна утрово во областа Куварас, во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, поради што властите испратија порака за евакуација до жителите и лицата кои се наоѓаат во непосредна
Go toTop