ГРАЃАНИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТЕН МУЗИЧКИ СОБИР ДА ГО ОДБРАНАТ МКЦ ОД ПАРТИСКИТЕ ПРИТИСОЦИ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА

January 22, 2023
1 min read

Денеска пред Младинскиот културен центар (МКЦ) се собраа граѓани на протестен музички собир во обид да ја одбранат институцијата од одлуката на скопската градоначалничка Данела Арсовска да го разреши в. д. директорот Ванчо Богоев и на негово место да го назначи дипломираниот детектив Никола Алексов, кој нема работно искуство во културниот сектор.

По директорската смена, Програмскиот колегиум на МКЦ соопшти дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ велат дека генералниот секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири.

На протестот настапија десетина групи и пејачи, меѓу кои и Дина Јашари, „Новиот почеток“, „Хајка“. Организаторите на протестот велат дека се против политизирањето на МКЦ.

Ова е вторпат јавноста да се побуни против политичкото влијание врз МКЦ, една од најживотворните културни институции во земјава. Во јуни 2019, 250 независни уметници и културни работници со отворено писмо побараа од тогашниот премиер Зоран Заев да спречи менување на тогашниот в. д. директор на МКЦ Русе Арсов и поставување на пејачот Бени Шеќири на директорската функција, а обајцата беа единствените пријавени на конкурсот на Град Скопје објавен во февруари 2019. Во отвореното писмо рекоа дека ако Шаќири биде назначен за директор ќе дојде до нарушување на континуитетот на работа на МКЦ. Тогашниот скопски градоначалник Петре Шилегов рече дека јавноста предвреме суди за Шаќири. Тогаш на социјалните мрежи одеше кампања под наслов #НеГоЧепкајтеМКЦ. Во ноември 2019, Град Скопје го поништи конкурсот и Арсов остана в. д. директор, сè до декември 2021, кога даде оставка од здравствени причини. На негово место градоначалничката Данела Арсовска го назначи Ванчо Богоев.

Бени Шаќири, кој претходните години редовно пееше на митинзите на СДСМ, на локалните избори 2021 беше кандидат за градоначалник на коалицијата ДОМ и ЛДП и освои 8.911 гласа во првиот круг, а пред вториот круг во трката меѓу Шилегов и Арсовска, рече дека на своите гласачи нема да им кажува за кого да гласаат, но дека тој не би сакал Шилегов да биде градоначалник.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Талевски: За пониски цени треба да се произведува повеќе струја, владата е со розови наочари, најлошо се справуваат со кризата

Следно

ВИДЕО: Англиски фудбалер полуде, ги исфрли работите од куќата на неверната девојка

Latest from Blog

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој

ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27
Go toTop