Мицкоски: Сакал Ковачевски или не изборите ќе се случат, и треба да се разговара за тоа

October 5, 2023
1 min read

реклама

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го повтори повикот до премиерот Димитар Ковачевски за лидерска средба на која ќе се разговара за роковите за организирање на претстојните парламентарни и претседателски избори, како и за сите предизвици поврзани со овие процеси.

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски рече дека со Ковачевски треба да разговараат за иднината на државата бидејќи претстојат два суштински и комплексни процеси, како и дека треба да се дефинираат роковите за избори, за техничка влада, за Изборниот законик, мониторинг мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. 

реклама

-Сакал или не сакал Ковачевски, изборите ќе се случат и треба да се разговара на таа тема, а ако мисли дека не треба да се разговара, одговорноста е негова.  Но, треба да разбере дека таа одговорност и сега кога е премиер и откога ќе биде жестоко поразен на изборите, ќе треба да ја носи со себе. Тој нека одлучи. Уште еднаш велам – треба да седнеме и да разговараме за рокови, за датуми за да можеме да организираме еден процес т.е. два процеси што се многу важни за Македонија – претседателските и парламентарните избори и да ги согледаме сите можни предизвици што се поврзани со овие процеси. Стојам на располагање на оваа тема кога сака тој, каде сака да седнеме и да разговараме, изјави Мицкоски при посетата на општина Кисела Вода.  

Според него, логично е да има двојни избори и во актуелните услови на криза да се намали трошокот затоа што еден изборен процес е меѓу седум и 10 милиони евра. Прогнозира разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ од 150.000 гласа на претседателските избори во првиот круг и од 10 пратеници на парламентарните избори. 

реклама

-Нашата намера е само да помогнеме на процесот и цениме дека можеби најдобро за државата е да има заеднички избори, вториот круг претседателски да бидат со парламентарните избори. Но, ние сме подготвени на кој било концепт, секако ќе бидат тие поразени. Во првиот круг очекувам разликата да се движи меѓу 100 и 150 илјади гласа меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски кој најверојатно ќе биде кандидат поддржан заеднички од ДУИ и СДСМ и веќе во вториот круг таа разлика ќе биде поголема, а за заедничката коалиција на Алијанса на Албанците, ДПА, ДУИ и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ќе ја предводи ќе има минимум 10 пратеника повеќе од тој концепт, рече Мицкоски. 

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БиХ: Во Брчко се пребарува бунар кој е можно да крие останки од жртви на геноцид

Следно

Норвешкиот автор Јон Фосе ја доби Нобеловата награда за литература

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска на „Охрид 2026“: Фискалната дисциплина не значи откажување од развојот, стабилноста и растот мора да се градат заедно

10 септември 2026, Скопје – Глобалното оpкружување останува исклучително сложено. Геополитичката неизвесност, повисоките цени на енергијата, ограничувањата во глобалната трговија и построгите финансиски услови остава директни последици врз економиите од Западен Балкан, но

Крај на една ера: Аргентина ќе мора и без Скалони?!

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина навистина може да почне од нула, бидејќи откако Лионел Меси се повлече од репрезентацијата, преговорите со селекторот Лионел Скалони се искомплицираа. Неговата иднина беше неизвесна дури и пред неколку месеци,

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи,

Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

Инвестицијата на ТАВ од 2,7 милиони евра привлече внимание кај турските медиуми, кои известуваат за модернизацијата на терминалот, зголемениот капацитет и растот на патничкиот сообраќај. Реконструкцијата и надградбата на аеродромот „Свети Апостол
Go toTop