БиХ: Во Брчко се пребарува бунар кој е можно да крие останки од жртви на геноцид

October 5, 2023
1 min read

САРАЕВО (АА) – И денес продолжува ексхумацијата на локалитетот Мераје во Брчко, што започна вчера попладне. Се трага по посмртните останки на жртвите од изминатата војна во дворот на приватна куќа, потврди за Анадолу Емза Фазлиќ, портпаролката на Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина, јавува Анадолу.

„Ексхумацијата на локалитетот Мераје во Брчко започна вчера во попладневните часови. Станува збор за пребарување, односно чистење бунар што се наоѓа во двор на приватна куќа, а за кој имаме информации дека може да крие посмртни останки на една или две жртви, најверојатно од бошњачка националност“, истакна Фазлиќ.

Наведе дека информацијата ја добила Државната агенција за истраги и заштита.

„Информацијата е добиена од сопственичката на парцелата на која се наоѓа бунарот. Меѓутоа, сѐ уште не се пронајдени посмртни останки. Станува збор за бунар длабок седум метри. Во текот на вчерашниот ден исчистени се околу три метри длабочина, а од утрово се работи на овој локалитет. До крајот на денот ќе имаме информации дали е точна информацијата и дали тука се наоѓаат посмртни останки на жртви“, објасни Фазлиќ.

Ова е втор случај на пребарување на теренот и ексхумација на подрачјето на дистриктот Брчко во Босна и Херцеговина во изминатиот еден месец.

И на крајот на септември во дворот на семејната куќа на Небојша Мраовиќ во Брчко беа ексхумирани некомплетни посмртни останки на една жртва од изминатата војна.

„Неодамна имавме ексхумација и во дворот на приватна куќа, што е многу слично на овој нов случај, каде што беа пронајдени посмртни останки под фонтана. Установено е, односно според изјавите на сведоците, дека посмртните останки се донесени во Брчко во 1997 година од страна на лекар што работи во Брчко и чија е всушност парцелата. Наводно лекарот ги користел тие коски во својата работа со оглед на тоа што се работи за ортопед. Потоа тие посмртни останки во 2012 година ги закопал во својот двор, на само неколку метри од домот, а потоа врз тие коски е излиена бетонска фонтана“, изјави Фазлиќ.

Таа истакна дека сведокот што го имале во тој случај многу конкретно кажал каде се тие посмртни останки.

„Веројатно тие посмртни останки никогаш немаше ни да ги пронајдеме ако не беше таков случајот, сведокот точно да каже каде се наоѓаат. Веднаш по исказот беа преземени сите мерки. Информацијата се покажа точна. Отворена е истрага да се утврди кој, кога и од каде ги донел посмртните останки. А ДНК-анализата, која е во тек, ќе покаже за кого се работи. Според одредени информации што ги имаме засега, најверојатно станува збор за жртва на геноцид“, додаде Фазлиќ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски од Гранада: По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија

Следно

Мицкоски: Сакал Ковачевски или не изборите ќе се случат, и треба да се разговара за тоа

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop