Србија прогласи ден на жалост поради случувањата во Косово

September 26, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Владата на Србија на денешната вонредна седница го прогласи 27 септември 2023 година за ден на жалост по повод трагичните случувања во Косово, пренесува Анадолу.

Како што е соопштено, Владата на Србија ги замолува сите медиуми и организатори на јавни манифестации утре, среда, 27 септември, да ја приспособат својата програма на денот на жалоста и на тој начин да им оддадат почит на загинатите во Косово.

По повод убиството на полицаецот Африм Буњаку кај Бањска, на северот на Косово, вчера во Косово беше ден на жалост.

Околу три часот по полноќ на 24 септември, во Бањска во Звечан, во напади на единица на косовската полиција загина Африм Буњаку, а полицаецот Албан Рашити беше ранет. Во акцијата на косовската полиција убиени се четворица напаѓачи, а шестмина се лишени од слобода.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЕСЧП донесе пресуда против земјава поради нехуман третман на сексуалните работници во полициска акција во 2008 година

Следно

Саудиска Арабија го осуди смртоносниот напад на Хусите врз силите на Бахреин

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop