Саудиска Арабија го осуди смртоносниот напад на Хусите врз силите на Бахреин

September 26, 2023
1 min read

РИЈАД (АА) – Саудиска Арабија денес го осуди смртоносниот напад на Хусите врз бахреинските одбранбени сили на арапската коалиција, јавува Анадолу.

Воената команда на Бахреин соопшти дека во напад со беспилотно летало извршен од јеменската бунтовничка група на Хусите загинале еден нејзин офицер и еден војник по должината на границата меѓу Јемен и Саудиска Арабија.

Саудиското Министерство за надворешни работи го осуди предавничкиот напад врз одбранбените сили на Кралството Бахреин стационирани на јужната граница на кралството, што резултираше со смрт и ранување на војници.

Саудиска Арабија изрази сочувство и повика на „запирање на континуираниот доток на оружје за терористичката милиција на Хусите, спречување на извозот во Јемен и осигурување дека нема да се прекршат резолуциите на Обединетите нации“.

Нападот се случува во период на обиди на Саудиска Арабија за воспоставување мир во Јемен, при што делегацијата на Хусите го напушти главниот град Ријад на 19 септември по петдневните мировни преговори со саудиските власти.

Граѓанската војна во Јемен започна во септември 2014 година, кога бунтовниците Хуси зазедоа голем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана. Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија влезе во војната на почетокот на 2015 година за да ја врати јеменската влада на власт.

Конфликтот создаде една од најтешките хуманитарни кризи во светот, при што милиони се изложени на ризик од глад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Србија прогласи ден на жалост поради случувањата во Косово

Следно

Меџити: На какво дереџе паднавме, ЕУ интеграциите да зависат од бегалецот Никола Груевски

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop