Гости од Словенија, Хрватска, Србија и Шпанија на второто издание на Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“

September 25, 2023
2 mins read

Гости од Словенија, Хрватска, Србија и Шпанија ќе учестуваат на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ кој ќе се одржи од 27. до 30. септември во организација на Театар за деца и младинци (ТДМ).

Годинешното издание се одржува под мотото „Ослободи ја својата фантазија“, а покровител е претседателот на државата Стево Пендаровски.

Свеченото отворање ќе биде в среда, во 19,30 часот на сцената на ТДМ, со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“. На 28 септември во ТДМ ќе бидат прикажани претставите: „Шумата од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, Словенија (11 часот), „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола (17), „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб (19,30). На 29 септември на прогамата се:  „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ (Театар Комедија, 11 часот), „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба, во продукција на Албански театар за деца и младинци (17 часот Албански театар за деца и младинци), „Среќна куќичка“ на госитите од Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска (ТДМ 19,30). Последниот ден, на 30 септември се претставите: Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац (МНТ, 11 часот) и претставата „ERROR 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија (ТДМ, 19,30).

Минатата година за прв пат се соочивме со овој адреналински предизвик кој за нашата институција значи запишување на мапата на светот на професионални фестивали на детски претстави и на „Игор Маџиров“. Упатувам и јавно голема благодарност за покровителството и препознавањето на важност на нашиот фестивал, изјави на денешната прес-конфренција Катарина Илиевска – Силјановска, директорка на ТДМ.

Годинешната програма е посветна на малите театарски форми. Фестивалот и оваа година покрај Гран при наградата доделува Награда за најдобра режија, две актерски награди, сценографија, коситмографија, специјална награда. Стручното жири е во состав: режисерот Тин Грабнар од Словенија, кој ќе биде претседател и членовите: актерот Драган Довлев, актуелен претседател на Советот на фестивалот и Миливоје Млаѓеновиќ, театролог и поранешен директор на Стеријин театар.

Новитет за оваа година е воведување на детско жири кое ќе има задача да ја оцени и награди најдобрата претстава на Фестивалот, по нивен избор. Во жирито ќе членуваат деца на возраст од 9 до 11 години.

Од годинава фестивалот „Игор Маџиров“ почнува соработка и со Факултетот за драмски уметности, каде што ќе се одржи работлница за куклен театар наменета за студентите и веќе диполомираните актери и режисери, а истата ќе биде предводена од актерката и режисерка Тамара Кучиновиќ, професорка по куклен театар од Факултетот за драмски уметности во Осијек, Хрватска.

Во рамките на фестивалот ќе има уште една работилница наменета за деца и наставници, на тема: куклен театар, предводена од режисерот Давор Драгојевиќ од Подгорица, Црна Гора.

Сакам да ја истакнам важноста на нашиот патрон на фестивалот Игор Маџиров, симбол на детскиот театар воопшто. Верувам и посакувам овој фестивал да прерасне во традиција, затоа што е важен чинител и за публиката и за нас како единствена професионална институција од областа на детско – младинскиот театар, рече Довлев, претседател на Советот на фестивалот.

Фестивалот годинава е поддржан од Минситерството за култура. Претставите се изведуваат на сцeните на ТДМ, Театар Комедија, Македонски народен театар (МНТ), Албански театар за деца и млади. Цената на билетите е 200 денари. Картите за сите претстави, освен за „Бамби“ (за неа се купуваат на билератницата на МНТ) може да се набават на билетарницата на ТДМ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Извршен вонреден надзор во КПД Идризово по наводите на осудениците Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани, рекет, поткуп

Следно

Законот за амнестија за помали кривични дела се очекува утре да се најде на седница на Влада

Latest from Blog

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика на трансатлантски форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција, по официјална покана од американскиот секретар

Шведска воведува затвор за 13-годишници

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста

Меџити: Победата е доверба – Чаир заслужува чесна и посветена администрација

Изет Меџити денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Чаир. Во своето обраќање, тој истакна дека враќањето на оваа позиција за него претставува чест, одговорност и продолжение на една длабока

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава

Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава
Go toTop