Нефункционалноста на институциите повторно yби, стигмата на општеството кое ги обвинува жртвите повторно остави деца без мајка, реагира Божидар Божиновски по веста за свирепото убиство на жена во Кочани.
Убиcтво во Кочани, ја избoдел со нож, 41 пат и го оставил безживотното тело на улица. Убиенaтa е мајка на три деца, три деца кои сега ќе растат сами, со трауми и болки, со празнина.
Од друга страна yбиецот бил пријавуван во полиција од страна на жртвата, за закани и изнуда. Полицијата, очигледно, не презела многу. Нефункционалноста на институциите повторно yби, стигмата на општеството кое ги обвинува жртвите повторно остави деца без мајка. На сите полиња потфрламе, а поради нашето потфрлање се случуваат трагедии, се полнат гробиштата, деца растат ко сираци, вели Божиновски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.