Тензии во Советот за безбедност во Њујорк: Русија се спротивстави на присуството на Османи, Рама го бранеше

September 21, 2023
1 min read

реклама



Премиерот Еди Рама жестоко се судри со Василиј Небензија, рускиот претставник во Советот за безбедност на Обединетите нации. Повод за дебатата меѓу албанскиот премиер и рускиот дипломат беше говорот на Володимир Зеленски и Бујар Османи.

Албанија, како претседавач со Советот за безбедност, одлучи претседателот на Украина и претседавач со ОБСЕ, министерот Албанец за надворешни работи на Северна Македонија, да зборуваат пред членовите на Советот за безбедност.

На оваа одлука се спротивстави Русија и го оцени како кршење на прописите на Советот за безбедност.

-Ние се противиме на присуството на министерот за надворешни работи на Македонија и за ова го информиравме албанското претседателство и Советот за безбедност. Доколку албанското претседателство со Советот за безбедност му дозволи на г. Османи да зборува, сметаме дека тој може само да ги искаже консензуалните позиции на ОБСЕ. Морам да нагласам дека ОБСЕ поради деструктивниот пристап на западните сили не придонесува на никаков начин во процесот на решавање на ситуацијата во Украина, туку само ја влошува-изјави Небензија.

реклама

Еди Рама, како водач на дебатата на високо ниво во присуство на шефови на 50 држави, одговори на предупредувањата на Русија.

-Морам да кажам дека доаѓањето од вас целото ова предавање за кршење на правилата во оваа зграда е доста импресивен удар. Да се согласиме, ја прекинувате војната, а Зеленски не добива збор. Тоа доаѓа од нешто што вие сте го направиле. Сакав да ги уверам моите руски колеги дека тоа не е постапка на албанското претседателство, туку продолжување на консолидираната политика, која е во целосна согласност со политиките на Советот-изјави Рама.

реклама

-Вие постапувате како претседател на Советот за безбедност, не зборувате во ваше национално својство како претставник на Албанија-рече Небензија.

-Доколку не сакате да одговорам во својство на премиер Албанец, не ме провоцирајте како таков-му врати Рама.

реклама

Небензија: Ви се обраќам само како на претседател на Советот за безбедност. Во ниеден момент не Ви се обратив како премиер на Албанија. Ве молам придржувајте се до политичките проценки.

Рама: Зборувавте за фактот дека Албанија е во НАТО, за земјите во НАТО кои се овде. Ова воопшто нема врска со мојата улога како претседател на Советот.

На дебатата од високо ниво, САД и нејзините сојузници ги реартикулираа нивните ставови против Русија. Тие беа оценети од шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров како арогантни и како недостиг на волја од САД и земјите членки на НАТО да изградат мировен дијалог меѓу двете земји. Министерот за надворешни работи на Русија имаше критики за начинот на водење на дебатата за Украина кога рече дека Америка и нејзините сојузници се обидуваат да го приватизираат секретаријатот на ОН.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со македонската репрезентација во евроквалификациите

Следно

Ковачевски во Њујорк се сретна со управниот директор во групацијата „Блекстоун”

Latest from Blog

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и
Go toTop