Европската комисија остро против измените на Кривичниот законик – Гир: ЕК директно ги посочи ризиците

September 21, 2023
1 min read

реклама



Не стивнуваат реакциите во јавноста за измените на Кривичниот законик. Евроамбасадорот Дејвид Гир јасно посочи дека за ова и Европската комисија реагираше во однос на користењето на европското знаменце, но најмногу од се за она што може да предизвикаат ваквите измени.

„Изјавата минатата седмица дадена од Европската комисија во однос на измените на Кривичниот законик пред се за користењето на европското знаменце кои тие ја сметаат за несоодветна бидејќи тоа е едно од прашањата за кои треба да се дискутира. И исто така ризикот кој што го идентификува Комисијата дека ваквите промени можат да доведат до зголемување на неказнивоста. Ние сакаме земјата рапидно брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и Европската комисија има право да го бара тоа од земја кандидат“, вели Гир.

За измените на Кривичниот законик за кој во јавноста се префрлуваат обвинувања за тоа кој имал тајни средби со екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, актуелниот шеф на опозициската партија Христијан Мицкоски рече дека никогаш немал тајни средби, а дека за тоа јавноста слушната од Али Ахмети кој имал тајни средби.

„Ниту некогаш ниту сега, ниту пак во иднина сум имал тајни средби, слушнавте од Али Ахмети кој е тој кој што имал тајни средби и кои се тие кои што имале тајни средби. ВМРО-ДПМНЕ и Македонија во овој момент имаат опција или да ја изберат оската помеѓу Демократската унија за интеграција, СДСМ и поранешни малубројни структури од ВМРО-ДПМНЕ и нивните тајни средби и да продолжи да тоне во криминал и корупција и национални порази или пак да избере реформи.“, вели Мицкоски.

Од СДСМ пак велат дека ВМРО-ДПМНЕ се соочува со внатрепартиски проблеми со раздори и поделби во партијата. Иако од опозицијата деновиве обвинуваа дека власта има тајни договори со Груевски,од владејачката партија велат дека всушност Мицкоски има тајни договори со поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ.

„Јавноста се уште чека одговори од Мицкоски за диловите со Груевски. Дали со тоа ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија? Мицкоски е бледа копија на Груевски. Политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.“, изјави Кузевска од СДСМ.

Ахмети во интервјуто за ТВ21 обелодени дека за измена на Кривичниот законик имало тајни средби меѓу Заев, Груевски и со него. Ваквата изјава за средби ја демантираа и Заев и Груевски.

реклама

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот е-дневник ќе биде достапен од второто полугодие или следната учебна година

Следно

Софи Хана, бестселер авторката на „Сандеј тајмс“ и на „Њујорк тајмс“ доаѓа во Скопје на Фестивалот „Букстар“

Latest from Blog

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и
Go toTop