Османи пред Советот за безбедност на ОН: Постои закана и самиот мултилатерализам да стане жртва на руската агресија

September 21, 2023
1 min read

реклама



Во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации, а во рамки на 78-то Генерално собрание на ОН кое оваа недела се одржува во Њујорк.

Османи на почетокот на своето обраќање се заблагодари на албанското претседателство со Советот за безбедност за месец септември, истакнувајќи дека комбинираното присуство на Северна Македонија и Албанија во ОН, кога се одбележуваат 30 години од соработката помеѓу ОН и ОБСЕ, е силен знак на посветеност и одговорност од две балкански држави, соседи и партнери, кои претседаваат со двете клучни мултилатерални платформи.

реклама

Зборувајќи за актуелните безбедносни предизвици, Османи повторно се осврна на агресивната војна на Руската Федерација против Украина, истакнувајќи дека заедничката потрага по мир зависи од нашиот колективен ангажман.

„Војната претставува најголемо прекршување и оспорување на меѓународните правила и обврски кои беа напишани и потпишани од истата Русија која сега со презир ги гази. Таа ги уништува не само животите и средствата за живот во Украина, домовите и надежите на луѓето, туку и надвор од тоа, влијае и на животите на луѓето многу подалеку од Русија“, рече Османи.

реклама

Тој подвлече и дека во рамките на ОБСЕ, регионална организација со која претседава во овој клучен момент од нејзината историја, се чувствува влијанието од војната пред сè врз луѓето, но и врз политиката меѓу регионите и врз институциите кои се создадени како платформа за дијалог и одржување на мирот, а не се користат така.

„Постои закана и самиот мултилатерализам да стане жртва на оваа агресија, меѓународните форуми како овој да се заменуваат со бојното поле, а аргументите со брутална сила, без придобивка за никого. Па, објаснете ми: кој добива од оваа војна?“, праша во своето обраќање Османи.

реклама

Како Претседавач со ОБСЕ, тој истакна и дека организацијата постојано ја дава својата поддршка преку Програмата за поддршка во различни области која веќе е на терен и која вклучува хуманитарно деминирање, промоција на владеењето на правото и ублажување на последователните еколошки и економски влијанија.

Тој најави и дека планира втора посета на Украина како Претседавач со ОБСЕ, по првата која ја реализираше во јануари, со цел директно да ги слушне потребите, надежите и стравовите на луѓето на терен, а поддржувајќи го мотото на Претседавањето „За луѓето се работи“.

Своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН, Османи го заврши со силни пораки за мултилатерализмот, нарекувајќи го „процес кој бара и заслужува секојдневна посветеност и зачувување“.

„Никој, ниту во наше време ниту пред нас, сè уште не смислил подобра идеја или пракса од мултилатерализмот. На крајот, војните ги прават луѓето и ги завршуваат луѓето. А луѓето и се враќаат на дипломатската маса, на дијалогот, платформите и сеопфатните концепти за безбедност. Токму онакви какви што нудат ОБСЕ и ОН“, рече Османи.

Надоврзувајќи се на темелите на нашите организации, како што рече Османи, и работејќи заедно, бескомпромисни на договорените принципи, „мораме да направиме сè за да продолжиме со нашите заеднички напори за мир, стабилност и безбедност“.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тренерот на Интер Мајами се сомнева во учеството на Меси и Алба во финалето на УС Опен купот

Следно

Ерменскиот тим од Карабах пристигна во градот Јевлах на разговори со азербејџанските власти

Latest from Blog

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот

Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот. До завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба на инвеститорот, забрането е движење

Тачи: Нема документ за поделба на Македонија, идејата беше пласирана од УДБА

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека

Претседател на Федерација тајно застана зад Инфантино, во УЕФА се бесни!

Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува
Go toTop