„Босна доживеа геноцид, а целиот свет молчеше“

September 21, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ), Елемедин Конаковиќ, за време на престојот во Њујорк учествува на 78. Генерално собрание на Обединетите нации и се обрати пред Советот за безбедност на ОН, известува Анадолу.

Во обраќањето Конаковиќ нагласи дека Босна и Херцеговина во потполност ја поддржува изјавата на Групата на пријатели за одговорност по агресијата врз Украина.

„Нашиот свет денес, за жал, е далеку од мирен и безбеден. Тоа е свет во кој неправдата и нетолерантноста ги доведуваат во прашање нашите заеднички вредности, самиот темел на нашата хуманост и просперитет. Руската агресија на Украина не е изолиран случај, туку претставува најочигледно кршење на Повелбата на ОН и на меѓународното право. Нејзините последици се катастрофални со бројни загубени животи, разорени семејства и милиони раселени лица, што предизвика хуманитарна криза“, истакна Конаковиќ и додаде дека членките на ОН мораат да бидат поодлучни и „дека не мораме да гледаме во далечното минато за да видиме што се случува кога нашата заедница на нации не ги одржува и не ги брани правата и нормите на светскиот поредок“.

„Токму ние имаме право и обврска гласно да зборуваме за ова прашање, бидејќи доживеавме геноцид што се случи во заштитена зона на Обединетите нации, во мојата земја, во Сребреница, додека целиот свет молчеше“, нагласи шефот на дипломатијата на БиХ.

Во своето обраќање тој истакна дека кршењето на Повелбата на ОН повеќе не е прифатливо и дека тоа е навреда за „нашите заеднички вредности“. „Наша должност е да стоиме зад благородните принципи врз кои оваа организација е изградена и ефикасните одговори бараат одговорност, почитување на меѓународните норми, силни коалиции и прогресивно, инклузивно водење“, посочи Конаковиќ.

Тој нагласи дека „и покрај пречките, како што е злоупотребата на ветото, донесовме одлучувачки чекор преку Генералното собрание и ја изразуваме нашата одлучност да го браните суверенитетот на Украина, територијалниот интегритет и принципите кои се потпираат на правдата.“

На крајот, Конаковиќ порача дека „заедно ќе истраеме во барањето да се запре ваквото насилство и неуморно ќе работиме за севкупен мир“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно со сончеви периоди – попладне пороен дожд и грмежи

Следно

Тренерот на Интер Мајами се сомнева во учеството на Меси и Алба во финалето на УС Опен купот

Latest from Blog

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во
Go toTop