„FLUX Surfacing“ – изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова

September 19, 2023
1 min read

На 20 септември (среда) со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар Скопје (КИЦ) ќе се отвори изложбата на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова насловена „FLUX Surfacing“.

Проектот „FLUX: Surfacing“ е продолжение на интерактивната изложба „FLUX“ организирана од Самандова и Трајковска која се одржа во ноември минатата година.

„Покрај тоа што тематиката на графиките е од мрачен психо-аналитички, интроспективен карактер, за време на изложбата ‘FLUX’ се оствари и интерактивен чин помеѓу делата и посетителите. Интерактивниот чин се состоеше на гравирање од страна на посетителите врз поставените плочи, кои истите изгравирани моменти содржат тематики поврзани со своите лични искуства, скриени чувства и трауматични мемории, стравови и неизвесности, кои остануваат анонимни поради ранливата природа на самите изгравирани цртежи. Сите тие колективни, индиректни визуелни прикази и споделувања помеѓу уметниците и посетителите, во овој продолжеток FLUX: Surfacing – се откриваат, ‘излегуваат’ на површината формирајќи една целина низ која разновидните отпечатоци се испреплетени едни меѓу други, создавајќи еден нов соединет наратив низ просторот и самото дело“, се посочува во најавата за настанот.

Трајковска е родена 1995 година во Скопје, Македонија. Дипломиран графичар во класата на проф. М-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Магистрира на истиот факултет во 2021г. кај проф. Зоран Јакимовски, смер графика.Од 2010 до 2020 година активно работи како личен асистен за цртање и сликање на Ирена Гапговска во НВО Арт студио- Скопје, а од октомрви 2020г. е основач на приватно атеље за часови по цртање и сликање во Партизан принт. Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од најзиното традиционално восприемање.

Самандова е родена родена во 1997 во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во 2020, на отсек сликарство, модул конзервација и реставрација. Нејзината уметничка практика се фокусира на процесите на набљудување и истражување на социо-политички проблематики, структури, однесување и интерконекции помеѓу специфични ситуации на една заедница или индивидуа. Нејзиното уметничко творештво често третира тематики на почувствуван, поттикнат интерес, подоцна пренесени преку интердисциплинарна уметничка практика која се состои од истражување на различни комбинирани и нови медиуми.

Изложбата ќе биде отворена до 2 октомври.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ДРЖАВНИОТ АРХИВ ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ ДА ПОДАРАТ ДОКУМЕНТИ ЗНАЧАЈНИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

Следно

Петрушевски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има, документот за реформи во ЕУ ги потврди укажувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДС прифати штетен договор

Latest from Blog

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ ВО ГРЦИЈА, КАЗНИ ДО 8.000 ЕВРА, А МОЖЕ И ЗАТВОР Од денеска стапува во сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата

Високи парични казни што достигнуваат и до 8.000 евра, одземање на возачките дозволи, па дури и активирање на Кривичниот законик, предвидува новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата во Грција што

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на
Go toTop