Турција ќе обезбеди вода за пиење за турските села во Северна Македонија

September 19, 2023
1 min read

РАДОВИШ (АА) – Делегација на Генералниот директорат на Државните работи за води на Туркије (ДСИ) престојува во Северна Македонија и работи на отстранување на проблемите со водата за пиење во турските села во источниот дел од земјата, известува Анадолу.

Тим од 4 лица од ДСИ работи на студија за водите, а контактите во Северна Македонија ги започна на 18 септември.

Делегацијата од Туркије вчера го посети Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија и таму одржа координативен состанок.

Денеска тимот на ДСИ ја посетија општина Радовиш и се состанаа со градоначалникот Ацо Ристов.

Подоцна, делегацијата го посети селото Калаузија во Радовиш во придружба на амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок.

Делегацијата на патот кон Калаузија застана покрај еден извор на вода на приближно 3 километри од селото и спроведе истражување на водата.

Исмет Кизилтепе, заменик-раководител на Одделот за подземни води на Генералниот директорат за државни работи за води на Туркије, за новинарите изјави дека дошле во посета на земјата за да ги отстранат проблемите со водата за пиење во турските села во источните делови на Северна Македонија во рамките на делокругот на соработката и Меморандумот за разбирањет во полето на водите потпишан меѓу Туркије и Северна Македонија во 2021 година.

Истакнувајќи дека ќе се обидат да изнајдат решенија идентификувајќи ги проблемите со водата за пиење во селата од регионот, Кизилтепе рече дека изворот на вода што го нашле во селото Калаузија сметаат дека ќе биде доволен за селото, во нормални услови.

„Сметаме дека со проектните активности што ќе ги спроведеме ќе се реши проблемот со водата за пиење на селото Калаузија и селото ќе има вода за пиење“, рече Кизилтепе.

Зборувајќи дека се враќаат во Туркије во недела, на 24 септември, откако ќе ја завршат студијата за води, Кизилтепе рече: „Кога ќе се вратиме во Туркије, ќе поднесеме извештај за сите наши наоди и студии во врска со овие 22 села. Согласноста за патување и подготвената студија потоа ги доставуваме до нашето министерство, кое ги испраќа до претседателството. Откако претседателството ќе ги разгледа подготвените студии, верувам дека брго ќе се донесе одлука, и ќе се реши проблемот со водата за пиење на нашите сонародници во овие 22 турски села.“

Посочувајќи дека вакви студии освен во Туркије спровеле и во Туркиските земји и во Африка, Кизилтепе рече: „Имаме за цел да се осигураме дека нема да оставиме ниту едно турско село или наш сонародник без вода“.

Делегацијата, која ќе престојува во земјава до 24 септември, ќе ги посети градовите Радовиш, Дојран, Струмица, Валандово, Штип и нивние околни села и ќе работи на отстранување на проблемите со водата за пиење.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија произведува 700% повеќе муниција од Западот

Следно

Груевски бара од Мицкоски да каже дали е точна изјавата за ФАЦ и да даде доказ дека прифатил валкана игра со власта!

Latest from Blog

Кина е подготвена да соработува со Русија за надминување на тензиите на Блискиот Исток

Ванг, кој е и член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, го кажа ова во телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Лавров. Кинескиот министер за надворешни работи смета дека клучот

Владина реконструкција во мај или јуни

Да се стрпиме неколку недели или месеци и додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на

Овиедо ја доби битката на дното на Примера

Со голот на Винас, тимот на Овиедо ибаку последнопласиран на табелата во Примера направи подвиг на свој терен и ја совлада Севиља со минимални 1:0. Голот беше постигнат во 32. минута, а

Коњановски: „Олимп“ испиша историја со двојна титула и национален рекорд

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати искрени честитки до атлетскиот клуб „Олимп“ по нивниот извонреден настап на Државното првенство и Купот на Македонија на 10.000 метри, одржани во Национална арена „Тодор
Go toTop