„РОЛИНГ СТОУНС“ ГО ПОТВРДИ ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ПРВИОТ АЛБУМ СО ОРИГИНАЛНА МУЗИКА ОД 2005

September 5, 2023
1 min read

„Ролинг стоунс“ потврди дека се подготвува да го објави својот прв албум со оригинален материјал по 18 години пауза. Групата кажа дека денеска ќе ги објави деталите од албумот насловен „Hackney Diamonds“, во интервјуто на Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд со американскиот водител Џими Фалон. Настанот во населбата Хекни во Источен Лондон ќе се пренесува ексклузивно на Јутјуб.

„Хекни можеби е срцето на албумот, но ова е вистински глобален момент и сакавме да го споделиме со фановите преку Јутјуб“, соопшти британската група.

Ова ќе биде првиот албум на „Стоунс“ по смртта на долгогодишниот тапанар Чарли Вотс во 2021, а вкупно 26. студиско издание. Најавено е дека гостин на новиот албум е Пол Макартни, кој свири бас гитара на една песна и дека содржи и снимки направени со Вотс пред неговата смрт.

„Ролинг стоунс“ го издаде последниот албум во 2016, но тој содржеше блуз обработки.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германците бараат инфраструктура па да инвестираат: „Во Македонија животот е подобар отколку во Франкфурт“

Следно

,,Лекција” нова премиера на Штипскиот театар

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop