Путин за време на разговорите во Сочи го презентираше документарниот филм за Ердоган

September 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на разговорите во Сочи, го претстави документарниот филм за животот и политичката кариера на својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, соопшти Кремљ, пренесува Анадолу.

„Документарниот филм, што го режираше Михаил Гусман, првиот заменик-генерален директор на руската државна новинска агенција ТАСС, е за животот и политичката кариера на Ердоган“, изјави за ТАСС портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Гусман го претстави филмот за Ердоган снимен како дел од серијата „Формула на моќта“ во јуни.

25-минутниот филм вклучува фрагменти од четири разговори меѓу Ердоган и Гусман.

Филмот се фокусира на детството на Ердоган, како и на неговите училишни и универзитетски години.

Во филмот, Ердоган зборува дека почнал да се занимава со политика „на околу 17-годишна возраст“ и дека работел во млади, и регионални организации и во партиски тела. Подоцна станал градоначалник на Истанбул.

Според Ердоган, моќта е „напорна работа и голема одговорност“, а политиката е секогаш поврзана со голем ризик.

Посебно внимание во филмот е посветено на личниот живот на Ердоган, приказната за тоа како ја запознал сопругата, односот кон религијата и љубовта кон фудбалот.

Гусман во филмот наведува дека животниот пат на Ердоган не бил нималку лесен, но успеал да се погрижи Туркије да стане посилна и постабилна со текот на годините, а нејзиното мислење да се разгледува насекаде низ светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајден експлозив во беровско, приведено едно лице

Следно

Турам тргна да слави во стилот на Лукаку, Лаутаро веднаш му кажа НЕ! (ВИДЕО)

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.
Go toTop