Ликовни изложби, театарски претстави и богати фестивалски денови во штипскиот Центар за култура ,,Ацо Шопов” во септември

September 4, 2023
1 min read

Ликовни изложби, театарски претставувања и богати фестивалски денови нуди штипскиот Центар за култура ,,Ацо Шопов” за септември, најави на денешната прес- конференција директорот, Горан Трајков. Тој истакна дека традиционално ќе се одржи Фестивалот „Малиот принц“, а на нов фестивал оваа година ќе се промовира иднината на зелената енергија. Во текот на овој месец ќе има и повеќе репризни изданија на театарските претстави во изведба на штипскиот театарски ансамбл.

-Ќе имаме Electrify the future, тоа е фестивал на којшто ќе ја промовираме иднината на зелената енергија или на обновливите извори, каде што ќе биде претставена и првата централа од Центарот за култура во нашата држава. Традиционално го одржуваме и Фестивалот за деца „Малиот принц“, кој е 11. по ред, ќе се претстават шест театарски претстави и еден театарски перформанс, којшто ќе биде пред Платото, како и минатата година, но оваа година со збогатена програма, рече Трајков.

На 13 септември ќе се одржи концертот на Фолтин, а ќе може да се проследат и детските музички фестивали „Весело штурче“ и „Распеани срца“, како и фестивалот „Астибо Фест“. Од 15 септември со работа ќе почне и Ликовното ателје и Драмското студио.

-Ќе имаме самостојна изложба на ликовната уметница Ана Ивановска од Скопје. За првпат ја поддржуваме и истата е специјално изработена за НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип, а е поддржана од Министерството за култура, така што ќе имаме можност да видиме една несекојдневна изложба на оваа уметница, вели Трајков.

Посочи дека е подготвена богата програма, која е прилагодена за сите генерации, па ја покани публиката да биде дел од културно-програмскиот септември.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин: Соработката меѓу Туркије и Русија успешно се развива во сите области

Следно

(ФОТО) Ултиматум до властите и најава за нов протест следната недела – заврши двочасовниот собир против случувањата на Онкологија

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп го добива својот прв меѓународен фолклорен фестивал

Со богата фолклорна програма и учество на ансамбли од повеќе држави, Прилеп го најавува првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“, кој има амбиција да стане нова препознатлива туристичка и културна содржина на

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ: „Нашата водилка е Евангелието“

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Реакцијата на Синодот доаѓа

Евакуација во Германија поради сомнителен експлозивен пакет на железничка станица

Железничката станица во Тројхтлинген, во јужната германска покраина Баварија, и околните згради беа евакуирани во понеделник како мерка на претпазливост откако на шините беше пронајден сомнителен предмет за кој полицијата се сомнева

Најмалку пет лица биле повикани на информативен разговор во полиција за водата во Скопје

Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано
Go toTop