Ковачевски: Нема пардон за никого во случајот „Онкологија“, ако сакаат нека бидат членови и на свети СДСМ, света ВМРО и света ДУИ

September 4, 2023
2 mins read

Ковачевски го повтори ставот дека криминалот на Онкологија е мултипартиски и мултиетнички и повеќепати нагласи дека нема да има пардон за никого, без разлика на која политичка партија припаѓа. Повика случајот да не биде политизиран бидејќи, како што рече, на некој начин, тоа ќе значи прикривање на некого

Сите што се огрешиле во случајот „Онкологија“, ако сакаат нека бидат членови и на свети СДСМ, и на света ВМРО-ДПМНЕ, и на света ДУИ, има да одговараат. Пардон нема да има за никој во овој случај. Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски коментирајќи ги наводите за злоупотреби на терапиите за лицата болни од рак на Клиниката за онкологија, а за кои МВР и Обвинителството отворија предистрага.

Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија

Ковачевски го повтори ставот дека криминалот на Онкологија е мултипартиски и мултиетнички и повеќепати нагласи дека нема да има пардон за никого, без разлика на која политичка партија припаѓа.

„Ова е еден грозен случај во којшто Министерството за внатрешни работи има определено тим којшто работи на прибирање на обемен доказен материјал. Нема да има пардон за никого без разлика дали припаѓа на која било политичка партија, на каква било припадност. Се работи за мултипартиски, мултиетнички криминал којшто мора да се расчисти. Очекувам да се спроведе професионална брза истрага која што ќе идентификува поединци коишто се огрешиле и пред законот и пред моралните и етичките принципи на докторската фела“,

изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања откако учествуваше на поставување камен-темелник за доградба на ООУ „Коле Неделковски” во Општина Центар.

Премиерот повика случајот да не биде политизиран бидејќи, како што рече, истрагата ќе биде спроведена на најпрофесионален можен начин, а политизирањето, на некој начин, ќе значи прикривање на некого.

„Истрагата којашто е во тек се прави професионално, опфатени се поголем број на материјали на лица за да се утврди точно кои се виновниците, што точно имаат направено и после да се процесуираат согласно законите во државата. Доста беше 30 години граѓаните да бараат борба со криминалот и корупцијата“,

додаде Ковачевски.

Во истрагата што ја спроведува МВР, додаде премиерот, учествуваат и директорката на Клиниката за онкологија и министерот за здравство – кадри кои се избрани за време на неговиот мандат.

Протестот што треба да се одржи попладнево, а на кој вчера се повика преку социјалните мрежи, според премиерот, е добредојден бидејќи, како што вели, на тој начин се врши дополнителен притисок врз институциите за побрзо расчистување на случајот.

Претходно денеска и владејачката ДУИ повика на итна и темелна истрага за сомнежите за криминал на Онкологија и апелираше политичките партии да не ги компромитираат и да се држат настрана од истрагите за случајот.

За потсетување, неделникот „Фокус“ минатиот период објави серија текстови за постоење разработена криминална бизнис-мрежа за препродавање на скапи лекови – цитостатици. Во мрежата, наводно, биле вклучени повеќе лекари и медицински персонал на Клиниката. Во системот, според пишувањата на неделникот, се внесувале фиктивни пациенти, а на дел од вистинските пациенти им се давала половична терапија и на тој начин скапата биолошка терапија завршувала на црниот пазар.

По ваквите информации, Основното јавно обвинителство Скопје отвори предистрага и во петокот попладне влезе во Клиниката. Вчера соопштија дека претреси биле направени и во два приватни стана во Скопје. а биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација кои понатаму ќе се анализираат и вештачат.

*Други поврзани вести:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дизни нуди 340.000 долари за човек кој ќе ги спасува од бруката

Следно

КФОР ја започнува рутинската воена вежба во Западно Косово

Latest from Blog

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните

Божиновска: Имаме добра хидролошка состојба, акумулациите се на 70 проценти

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем.

Реал Мадрид го потврди трансферот на Диоманде

Повеќе нема дилеми дека досегашниот член на Ред Бул, Јан Диоманде се сели во Мадрид, и потпишува за тимот на Реал. Оваа информација ја потврдија и „Кралевите“ со официјално соопштение по повод

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска. Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на
Go toTop