Почина Крсте С. Џидров, еден од најзначајните македонски сценографи и архитект

September 4, 2023
1 min read

Крсте С. Џидров, еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, познат по прекарот Џиби, почина на 73-годишна возраст, објави семејството.

Има направено сценографии за над 150 претстави во театрите низ Македонија, Хрватска, Косово, Србија, Шведска, Бугарија, Бих, плакати за 70 претстави, сценографии за 10 филмови, имал голем број изложби и добил повеќе награди. Соработувал со многу режисери, меѓу кои се Владимир Милчин, Димитар Станкоски, Коле Ангеловски, Слободан Унковски, Дритро Касапи, Зоја Бузалковска, Благојче Божиновски, Примож Беблер, Бесфорт Идризи, Рефет Абази, Дино Мустафиќ…

Во 2018, кога славеше 35 години активна театарска дејност, јубилејот беше обележан со ретроспективна изложба на Млад отворен театар (МОТ).

Во 2021 ја доби наградата за животно дело на 55. Македонски театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Ја разбирам загриженоста на граѓаните, се работи за последните надежи на секое лице кое се бори со лошата болест

Следно

Пендаровски: Згрозувачки се сомнежите за злоупотребите на Онкологија, крајно време е системот да се справи со криминалот

Latest from Blog

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија
Go toTop