Со воведувањето на програмата ИПАРД 3: Нови 97 милиони евра за земјоделскиот сектор

September 3, 2023
1 min read

реклама



Македонија има на располагање нови 97 милиони евра со ИПАРД 3 програмата за модернизација на македонското земјоделство, што е зголемување од 37 милиони евра во однос на ИПАРД 2 програмата со која земјата имаше на располагање 60 милиони евра.Заедно со 82 милиони евра преку учество на корисници, вкупниот износ на инвестиции достигнува 210 милиони евра.

-Објавен првиот повик од ИПАРД 3 програмата.Со ова и официјално сме првата земја која ја започна имплементацијата на програмата ИПАРД 3. 30 милиони евра, 30 милиони европски пари од денеска до 1 ноември се достапни за агро-сектор . Овој повик поддржува инвестиции во се, агросектор и рурален развој за што имаме голем потенцијал. Целата програма од ИПАРД 3 заедно со кофинансирањето од апликантите ќе достигне 210 милиони евра инвестиција-вели министерот Љупчо Николовски.

50% од средствата за земјоделците ќе бидат дадени веднаш штом ќе се потпише договорот. Според премиерот Ковачевски, целта е земјоделството и економијата да напредуваат и да се развиваат преку членството во ЕУ бидејќи тоа би донело многу поголеми придобивки од европските фондови.

„Целта ни е ИПАРД 3 програмата да биде поуспешна. Искористеноста на средствата се подразбира повторно 100% од оние што ги добивме од Европската Унија. Поради оваа причина обезбедивме и предвремена исплата на средствата, со што попрво ќе ги мотивираме земјоделците за инвестирање. Крајната цел е нашите земјоделци, нашата економија да доживеат напредок и развој преку реализација на полноправно членство во Европската Унија. Затоа што влегувањето во Европската Унија носи повеќе придобивки и носи финансиски средства од фондовите на ЕУ.“, рече Димитар Ковачевски.

Беа презентирани и успешните резултати од претходната мерка ИПАРД 2, каде се потпишани вкупно 2365 договори, а нивната вредност со кофинансирање достигна 83,2 милиони евра.

реклама

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Марка“: Рамос стави крај на дилемите и го избра новиот клуб! (Фото)

Следно

Бура од реакции за онкологија – случајот е страшен! Ковачевски: Секој криминал има име и презиме, власта нема да се меша!

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони денари, Лајка во рок од 6 месеци добива над 700 пријави за заловување

Речиси 46 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, исплатиле градските власти во изминатата година, како оштета на граѓани каснати од бездомни кучиња. Само до 24 јуни годинава, јавното претпријатие Лајка, кое
Go toTop