Мицкоски: Ако сакаме да се придвижиме кон ЕУ, треба оваа власт да замине

September 2, 2023
1 min read

реклама



Ако сакаме да се придвижиме кон ЕУ, треба оваа власт да замине, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за изјавите на власта дека земјата би можела да стане членка на ЕУ до 2030 година. 

– Ако сакате некоја работа да нема успешен крај, тогаш повикајте ги Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ, Османи и останатите да испратат порака. Тогаш сигурно таа работа нема да има успешен крај, па така и во случајот со евроинтеграциите, рече Мицкоски.

реклама

Според него, СДСМ и ДУИ не се борат земјата да влезе во ЕУ, ниту имаат план и ги посочи како виновници кои го уништиле процесот со тоа што, како што вели, „прифатиле нешто што никој нормален во оваа држава не го прифаќа“.

– Колку побргу овие заминат толку побргу Македонија ќе ја придвижиме кон ЕУ. Тие се борат само за да останат ден повеќе. Тие се борат за тендер повеќе. Тие не се борат ниту пак имаат интерес Македонија да ја видат во рамките на ЕУ затоа што таму политички измамници и политички криминалци од нивниот ков нема, рече Мицкоски.

реклама

Тој за новата кампања „Ние сме Европа“ смета дека е плагијат и оти станува збор за партиска кампања што ја плаќаат граѓаните.

Доаде дека е потребно обединување во државата за промена на власта, за, како што вели, „да си ја кренеме државата, да ја вратиме правдата и економијата онаму каде што и е местото“.

реклама

Прашан која е нивната стратегија за да ја натераат власта на предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека се додека парламентарното мнозинство има 61 пратеник во Парламентот не можат ништо да сторат.

-Бројките во Парламентот во овој момент не се на наша страна и морам да ви кажам отворено дека дали изборите ќе бидат оваа есен или изборите ќе бидат на пролет редовни, месеци се во прашање и ќе дојдат и поминат тие месеци и ќе дојдат изборите и тогаш веќе нема бегање, нема криење, нема веќе лажење, рече Мицкоски и посочува дека нивниот фокус засега е исклучиво со пораки кон народот за тоа што ќе работат откако актуелната Влада замине.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје: Нема структурни оштетувања, мостот„Беласица“ од денеска делумно ќе биде отворен за сообраќај

Следно

Видео: Уништена урбана опрема во Општина Бутел

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop