Снопче се соочува со закани за тужба, коментирал за проблемите поради ископот во реката Треска

September 1, 2023
1 min read

реклама



Не запираат проблемите на жителите од селата Средно и Горно Коњаре каде и натаму се копа песок од коритото на реката Пчиња. Токму за овој случај кој трае со години пред три недели имаше и реакција на пратеникот од Алијанса за Албанците Халил Снопче, по што тој добил писмо од фирмата Еуропрогрес која го врши ископот дека против него ќе биде поднесена тужба за клевета доколку не се извини. Снопче вели и дека покрај проблемите со фирмата која им ја уништува животната средина и нивите граѓаните трпат притисоци од полицијата поради нивните реакции.

„Изјавата беше дадена во знак на поддршка на граѓаните на Средно и Горно Коњаре општина Петровец за заштита на животната средина дента кога во полицијата беа повикани на распит. Заедно со правно лице адвокат бевме во полициска станица за да видиме поради кои причини се повикани граѓаните на распитот. Дали може некој да негира дека има плодни ниви во кои порано населението одгледувало земјоделски производи а сега се претворени во опустошено земјиште.“, рече Снопче.

реклама

Претседателите на месните заедници се револтирани не само од фирмата на која еднаш и била одземена концесијата заради прекршувања, туку и на институциите кои почнале да ги препраќаат од една инстанца до друга.

„Реагиравме многу пати меѓутоа бевме одбивани со препорака да се обратиме на некоја друга инстанца на некоја друга канцеларија во некое друго министерство за решавање на тој проблем. 2020 е одземена концесијата, сега повторно по препорака од Управниот суд и наложува на Владата да ја преиспита одлуката за одземање на концесијата и Владата не постапила, со тоа што не постапила Владата концесионерот си зема за право повторно да продолжи со копање“, вели Сенад Цамиќ.

реклама

„Подолго време се соочуваме со притисоци, уцени и закани и ни прават штета ресорните министерства, издаваат дозволи за наводни регулации на течението на река Пчиња во атарот на нашите села со тоа што се доведовме во ситуација да немаме подземни вода, да немаме вода за пиење, да немаме полиња за обработливи површини каде што основната егзистенција на населението е земјоделието“, изјави Раде Спасевски, претседател на МЗ Горно Коњаре.

Жителите на овие населени места претходно организираа протести и бараа да се престане со ископот во коритото на реката Пчиња бидејќи им ги уништуваат полињата.

реклама

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По хоророт во мај: Полицајци ќе ги обезбедуваат сите училишта во Србија

Следно

Русија го прогласи нобеловецот Дмитриј Муратов за странски агент

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop