Британскиот премиер го назначи Грант Шапс за нов секретар за одбрана по оставката на Бен Валас

August 31, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Риши Сунак денес го назначи Грант Шапс за нов британски секретар за одбрана по оставката на Бен Валас, јавува Анадолу.

Шапс, претходно секретар за енергетска безбедност, кратко ги извршуваше функциите министер за внатрешни работи во Владата на Лиз Трас, секретар за транспорт во Владата на Борис Џонсон и претходно како претседател на Конзервативната партија.

Шапс изјави дека му претставува чест да ја преземе новата улога. „Би сакал да му оддадам почит на огромниот придонес што Бен Валас го даде за одбраната и глобалната безбедност на Велика Британија во последните 4 години.“

„Со нетрпение очекувам да работам со храбрите мажи и жени од нашите вооружени сили кои ја чуваат безбедноста на нашата нација, и во продолжувањето на поддршката на Велика Британија за Украина во нејзината борба против варварската инвазија на Путин“, истакна тој.

Валас утринава официјално поднесе оставка од функцијата британски секретар за одбрана.

Во својата оставка, по најавата во јули дека има намера да ја напушти функцијата, Валас говори за „честа да служи заедно со мажите и жените од вооружените сили и разузнавачките служби кои жртвуваат толку многу за нашата безбедност“.

Тој во писмото додава: „По внимателно размислување, донесов одлука да побарам дозвола да се повлечам. Првпат стапив на функција во 2005 година и по долги години служба верувам дека е време да посветам внимание на аспектите од животот што ги занемарив, и да истражувам нови можности.“

Тој изрази благодарност за поддршката и пријателството што ги добил, нагласувајќи ја неговата постојана поддршка на премиерот Сунак и Владата. Се очекува Валас да го задржи местото пратеник.

Валас се сметаше за потенцијален наследник на Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, чиј мандат во јули беше продолжен за уште една година.

Пред најавата за повлекување во јули, Валас предизвика контроверзии велејќи дека Велика Британија не функционира како компанијата „Амазон“ за испораката на оружје за Украина и предложи Киев да размисли за изразување благодарност до своите поддржувачи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов бран на коронавирус во Србија

Следно

Учебната година почнува утре со низа новини, но и без дел од учебниците

Latest from Blog

Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро

фото: GOAL @goal (X) Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро. Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа

Нетанјаху наскоро пристигнува во Њујорк- градоначалникот има намера да го уапси

Се очекува Нетанјаху да го посети градот во септември за Генералното собрание на ОН, објави „Њујорк тајмс“. „На Нетанјаху му е местото во Хаг“ Мамдани даде слични коментари во саботната епизода од

Министерката најави намалена акциза, а бензинот и дизелот поскапуваат – во што е разликата?

Во речиси исто време кога министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку Фејсбук објави дека Владата донела одлука за намалување на акцизата на нафтените деривати, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од

Проданоски: Заедно создадовме уште едно успешно издание на најзначајниот прилепски фестивал

Заврши уште едно издание на Пиво фестивал – Прилеп 2026, манифестација која и годинава привлече голем број посетители од земјата и странство. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оцени дека фестивалот ги

Следува темелна истрага на ФИФА за инцидентите на финалниот дуел

Светските медиуми пренесуваат дека извори од ФИФА потврдуваат дека во следниот период ќе има темелна дисциплинска истрага околу инцидентите по завршувањето на финалето од Мундијалот синоќа во кое Шпанија со 1:0 ја
Go toTop