Разговорот со Путин што го вознемири Шолц

August 30, 2023
1 min read

За настанот објавува францускиот новинар Стефан Ламб, кој од француска страна присуствувал на телефонски разговор во кој Шолц муабетот со Путин му го пренесува на Макрон.

На прашањето како мина разговорот од утрово, Шолц одговара:

„Нема да биде подобро.

Нешто ме загрижува повеќе отколку разговорот. Тој не се жали за санкциите. Не знам дали спомна нешто во разговорот со тебе. Ама тој не ги ни спомна санкциите.“

На ова Макрон одговара: „ниту мене“.

Шолц се пожалил дека Путин само му зборувал за својот план за Украина и како тој мисли дека може да се најде компромис, плус зборел за демилитаризација и денацификација. Путин плус побарал Германија да го признае Крим како дел од Русија, и да ја признае независноста на новите републики.

Кога Шолц прашал дали треба да има средба меѓу него, Путин и Зеленски, рускиот претседател не го одбил предлогот, туку рекол дека има два услова: прво, да има безусловен прекин на огнот, „а потоа зборуваше само за нас тројца, јас, ти (Макрон) и тој, без Зеленски.“

Откако Шолц завршува со својот рапорт, Макрон му потврдува дека отприлика тоа е истото што Путин го разговара и со него еден ден претходно.

Макрон минатата година објави дел од телефонските разговори со Путин. Во еден од нив рускиот претседател го споменува фрлањето атомска бомба врз Хирошима и му пренесува на Макрон што има научено од тоа:

„Не мора да нападнеш голем град за да победиш.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НА 6 СЕПТЕМВРИ ВО ВЕНЕЦИЈА СВЕТСКИТЕ ПРЕМИЕРИ НА СТОЛЕВСКИ И МИТЕВСКА, 80. ФЕСТИВАЛ СЕ ОТВОРА ДЕНЕСКА

Следно

Шпанија се бори со сушата: Нивото на водата во браните на загрижувачко ниво

Latest from Blog

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека

СЕРИОЗНО Е ВО ФРАНЦИЈА! – ПЛАМЕНОФРЛАЧИ НА УЛИЦИТЕ, има повредени

За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите. Во соопштението се

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи мораше да биде прекинат – поради тепачка (Видео)

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи, кој традиционално се игра пред секој дуел на Македонија и Шкотска, попладнево беше прекинат. Мечот на стадионот „Алумина“ беше прекинат откако полицијата мораше да интервенира
Go toTop