Постигнат е договор за изградба на нуклеарна централа во Албанија

August 29, 2023
1 min read

Изградба на нуклеарна централа, со моќност од 1500 мегавати, е договорот што Италија го постигна со Албанија со инвестиција од четири милијарди евра.

-Веста ја пренесуваат италијанските медиуми кои ја изразуваат својата среќа што оваа нуклеарна централа ќе се гради во Албанија. Според нив, италијански компании кои ќе обезбедат вештини, компетентност и консултантски услуги се ENI (италијанска мултинационална енергетска компанија), ENEL (италијанска мултинационална компанија за дистрибуција на електрична енергија и гас), EDISON (една од најстарите италијански компании во областа на енергија и дистрибутер на природен гас), јави Ора њуз.

Телевизијата наведува дека за реализација на ваква нуклеарна централа несомнено е потребна долга работа, но веста предизвика доста политички дебати и додава дека министерот за инфраструктура и транспорт Матео Салвини побарал одржување референдум на кој народот ќе се изјасни дали е за или против нуклеарна енергија.

-Италијанските економски експерти наведуваат дека 3-те компании споменати погоре, односно ЕНИ, ЕНЕЛ и ЕДИСОН се единствените кои имаат корист од оваа инвестиција, додека за десетици други компании кои работат во секторот на обновливите извори на енергија ќе биде доста тешко, посочува Ора њуз.

Претходно албанските медиуми јавија дека италијанската премиерка Џорџиа Мелони, која, со семејството во средината на овој месец беше на неколкудневен одмор во Валона, по покана на премиерот Еди Рама, имала неформална средба со на која разговарале за изградба на нуклеарна централа во Албанија, бидејќи „на Италија и е потребно снабдување со енергија“.

-Ова не е изненадувачка идеја зашто Албанија е земја блиска до Италија и земја во која може да се изгради нуклеарна централа без да има политичка и медиумска тензија и со фактот дека може да направи голема инвестиција во земја како Албанија, додадоа медиумите.

Случајно или не во исто време во Албанија „на неколкуденевен одмор“ беше и поранешниот британски премиер Тони Блер, инаку советник на Рама.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Вечер за паметење“-прв концерт на дуото за гитара и хармоника „Дармар“ на 30 август во Свети Наум во Охрид

Следно

Три нови имиња во ТФТ

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop