Мицкоски: Во ДУИ секој министер си има своја фирма на која и дели тендери, така е и со Османи, одговорност ќе има

August 28, 2023
1 min read

реклама



Во ДУИ секој министер си има своја фирма. И секој министер преку таа фирма ги краде граѓаните во тендери во четири очи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар по информацијата дека МНР префрлила пари на внукот на поранешниот министер од ДУИ и донатор на партијата за организирање на настан.

Таков е и овој случај каде што фирма која што претходно се легитимирала како донатор на ДУИ добива тендер, а со тој тендер треба да направи одредени градежни зафати во СЦ Борис Трајковски каде што на крајот на декември месец ќе се одржи Самитот на претседател на држави на земјите членки на ОБСЕ. Си тоа практично се легитимира и организаторот а тоа е Бујар Османи кој што е во својство на министер за надворешни работи, бидејќи Ковачевски никој во суштина не го прашал. Него само му кажуваат ти ќе бидеш денеска уште еден ден повеќе премиер, другото остави го и така не те бива за таа работа, еве тука ти се ресурсите, те возат лево десно ,те викаат премиер уште малку, другото си е наша работа. Така што него никој ништо не го прашува. Бујар Османи си има своја фирма си ја ангажира таа фирма. Таа фирма е донатор на ДУИ за градежни зафати во СЦ Борис Трајковски, рече Мицкоски.

реклама

Претседателот Мицкоски нагласи дека за ова по промена на власта ќе следи одговорност и дека секој кој што се огрешил пред законот ќе одговара, а секој кој што мисли дека ќе се спаси, како што рече тој се лаже.

Но, сакам да кажам дека веднаш по промената на владата ќе следи и одговорност. Ако некој мисли дека туку така ќе се спаси и дека ДУИ и понатаму и овие фирми блиски до ДУИ ќе бидат заштитени како до сега се лажат, порача Мицкоски и додаде дека малку повеќе се преиграа и за ова ќе следи одговорност.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Успешно ќе заврши процесот за уставни измени

Следно

ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел од Блед

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop