Лога: САД сакаат да нѐ видат во Европската Унија

August 25, 2023
1 min read

реклама



Министерот за правда Кренар Лога имаше средба со Габриел Ескобар, заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, информираат попладнево од Министерството за правда. На состанокот се зборувало и за силната поддршка на САД за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската Унија.

– Евроинтеграциите се клучни за перспективата на Република Северна Македонија и граѓаните и се од геостратешко значење за стабилноста на регионот и Европа. Заеднички е ставот дека интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ значи просперитет за граѓаните во државата, со импакт и на долгорочен просперитет на целиот Западен Балкан во Европската Унија, се наведува во соопштението.

реклама

Оценето било дека кој било друг исход од можноста да се продолжи по европскиот пат, не е од државен и стратешки интерес.

– Поради тоа, заедничка е согласноста дека претстојната одлука во Собранието треба да биде државничка, во насока на интеграција, а не изолација, истакнуваат од Министерството за правда.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тер Штеген го продолжи договорот со Барселона до 2028 година

Следно

Македонски национален центар АСИТЕЖ официјално стана дел од АСИТЕЖ Интернационал

Latest from Blog

Се обидел да турне човек под воз- полицијата го пронашла и ќе го судат за обид за убиство (Вознемирувачко видео)

Осомничениот, 26-годишниот Елисио Мелендез, е приведен со кауција од 750.000 долари за инцидентот што се случил на 19 март, објави Фокс 13. Истражителите рекоа дека Мелендез му се приближил на човекот одзади

Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог

Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов Владин центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. „Отвораме Владин центар за сајбер инциденти, преку кој

Николовски: Владата ги потроши креативните решенија за европските интеграции

Извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски, во дебата во емисијата „Вин-Вин“ за европскиот пат на земјата оцени дека Владата досега ги потрошила речиси сите „креативни решенија“ во обидите за деблокада на евроинтеграциите,
Go toTop