Анчелоти: Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

August 24, 2023
1 min read

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ова лето сигурно нема да потпише договор со Реал Мадрид. Французинот сака да потпише нов договор со Парижаните.

-Не, јас го исклучувам тоа 100 проценти. Мислам дека нашиот тим е формиран, а играчите размислуваат за тековната сезона, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти за „Ројтерс“.

Италијанецот додаде  дека Реал најверојатно нема да потпише со никој друг во тековниот прозорец, кој се затвора на 1 септември.

Мбапе игра за парижаните од 2017 година. Во сезоната 2022/23, фудбалерот одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигна 41 гол и даде 10 асистенции. Неговиот актуелен договор со ПСЖ е до 30 јуни 2024 година. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Украина нема никаква врска со авионската несреќа во која загина Пригожин

Следно

Тројца македонски државјани евакуирани од пожарите во Грција – еден е повреден

Latest from Blog

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени

Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал

Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20
Go toTop