Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво, еден ден овде ќе имаме шума, рече лауреатот Влада Урошевиќ

August 24, 2023
1 min read

Со традиционалното садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на „Струшките вечери на поезијата“. Во паркот дрво засади годинешниот лауреат, добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ.

На ова место, не толку големо по површина, колку по суштина се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга.

Денеска со посебна чест се радуваме дека меѓу овие фиданки ќе биде засадено, ќе расне и виншее и дрвото кое ќе го засади нашиот годинашен лауреат, човекот кој и самиот е вграден во „Струшките вечери на поезијата“од нивните почетоци пред шест децении, Влада Урошевиќ – рече модераторката Александра Јуруковска.

Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.

Струга има свој мост, дом и парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива – рече Урошевиќ.

Свеченото отворање на 62. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20 часот на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

На „Струшките вечери на поезијата“ најавено е присуство на околу 25 поети од странство и 40-тина од државата.

Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР за ТВ21: Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири

Следно

Само Украина може да ја ослободи Украина, ама за тоа требаат милиони Украинци

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop