Во воздушен напад на Идлиб загинаа 2 цивили, 5 цивили се ранети

August 23, 2023
1 min read

ИДЛИБ (АА)

Во воздушен напад на руските воздухопловни сили врз зоната на деескалација во Идлиб, загинаа 2 цивили, а 5 цивили се повредени, пренесува Анадолу.

Според информациите добиени од опозициската опсерваторија за следење авиони, во 22:28 часот по локално време, руски воен авион, што полетал од воздухопловната база „Химеимим“ во Латакија, извршил воздушни напади врз селото Аин Шиб во Идлиб.

Цивилната одбрана (Бели шлемови) на Сирија соопшти дека во нападот животот го загубиле 2 цивили, а 5 цивили се повредени.

Повредените се пренесени во околната болница.

– Ситуацијата во Идлиб

На состанокот во Астана во 2017 година, Туркије, Русија и Иран одлучија да формираат 4 деескалациски зони во областа која не е под контрола на сириската администрација.

Администрацијата на Дамаск, Русија и терористичките групи поддржани од Иран, ги продолжија своите напади и презедоа три од четирите региони и се упатија кон Идлиб.

И покрај тоа што Туркије со Русија во септември 2018 година постигна дополнителен договор за зацврстување на прекинот на огнот, нападите повторно се интензивираа во мај 2019 година.

По новиот договор меѓу Туркије и Русија на 5 март 2020 година, прекинот на огнот во голема мера е зачуван.

Во периодот од 2017 до 2020 година, околу 2 милиони цивили беа принудени да мигрираат во регионите близу турската граница поради нападите на Русија и режимските сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вековниот чинар во Скопје му пркоси на времето

Следно

Никогаш не се откажувај- Лудило од меч, Роналдо и дружината губеа со 2:1 до 88-ма минута, а потоа славеа со 4:2 и се пласираа во Азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop