МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР, продолжува поддршката за справување со енергетската криза

August 22, 2023
2 mins read

реклама



Владата на РС Македонија обезбеди 100 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за поддршка на стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија на домаќинствата и компаниите преку државната компанија ЕСМ. Денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорката на ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Шарлот Ру потпишаа договор за гаранција, додека договорот за заем беше склучен со директорот на ЕСМ г. Васко Стефанов.

Министерот за финансии посочи дека со овие средства ќе се поддржи ЕСМ за да непречено ги пружа услугите кон граѓаните и фирмите и покрај евентуални предизвици однадвор.

реклама

„Владата досега за справување со кризата донесе два пакета антикризни мерки во вредност од над 760 милиони евра, а за оваа година за таа намена се планирани 225 милиони евра. Договорот што денеска го потпишуваме е дополнување на ваквите мерки, со кои овозможивме граѓаните да добијат субвенционирана цена на електричната енергија, која финансиски беше поддржана од Буџетот. Покрај мерките од двата пакета,  се работи и на реализација на енергетски проекти кои на долг рок ќе обезбедат диверзификација и поголема сигурност во снабдувањето со електричната енергија, а во имплементацијата на тие проекти добиваме безрезервна поддршка од Европската банка за обнова и развој“, рече министерот за финансии Бесими.

Средствата се обезбедени по поволни услови, односно рок на отплата од 5 години, грејс период од 6 месеци и варијабилна каматна стапка од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%. Корисник на средствата ќе биде АД ЕСМ – Скопје и сите обврски по заемот ќе ги сервисира компанијата, додека државата издава само гаранција.

реклама

Според директорката на ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа Шарлот Ру, Владата на РС Македонија заедно со ЕСМ им го покажува патот кон успешна декарбонизација и модернизација на енергетскиот ситем на останатите земји од Западен Балкан.

„Импресионирани сме од вашите климатски амбиции и со нетрпение очекуваме да работиме заедно на имплементација на 85 милиони американски долари кои на РС Македонија и се ставени на располагање од страна на Фондот за климатски инвестиции“, рече Шарлот Ру.

реклама

Генералниот директор на ЕСМ Стефанов истакна дека целта на овој заем е да се обезбеди поддршка во финансирањето на трошоците за унапредување на производниот процес, инвестиции во нови обновливи извори за енергија како и за одржување на веќе изградените централи од обновливи извори.

„АД ЕСМ продолжува да се движи кон зеленото сценарио, па така во иднина се планирани повеќе проекти кои се од обновливи извори на енергија и сериозно ќе влијаат ние како држава да бидете енергетски независни“, истакна Стефанов.

Поддршката и соработката со институции како ЕБОР е од клучно значење и ќе придонесе за побрза и полесна транзиција кон Зелената агенда за Западен Балкан, со заложбата за транзиција кон чиста енергија, која има цел намалување на емисиите на стакленички гасови за 61 процент.

Од 1993 година ЕБОР има поддржано во земјава над 175 проекти во вредност од 2,6 милијарди евра, од кои 86% се во јавниот сектор. Во моментов активни се проекти чиј износ е 1,1 милијарда евра. Меѓу приоритетните проекти зад чија реализација стои ЕБОР се проектот за гасен интерконектор со Грција, фотоволтаична централа во „Осломеј“, израдба на далекуводна интерконекција со Албанија, изградба на автопатски делници од Коридорот 8, железничкиот коридор 8 и 10, автопатот кон Блаце, регионален проект за цврст отпад и слично.

Приоритет за Владата е продолжување на соработката со ЕБОР во областа на зелената транзиција, зголемување на конкуреноста на економијата  и поврзување на регионот.

реклама



MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Младински репрезентативец на Македонија три години во дресот на Марибор!

Следно

Талибанците држат лекции за борба против дрогите

Latest from Blog

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Обилниот дожд кој денеска го зафати Пијанечкиот регион попладнево резултираше со нови одрони на патот Делчево – Македонска Каменица. Вечерва одрони се регистрирани на повеќе локации од магистралата А3, а посебно се

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

Грузија врти нова страница во надворешната политика. Суспендирани преговорите со европската унија во следните четири години.Претседателката на државата, Саломе Зурабишвили  ја обвинува владеачката партија дека му обкјавила војна на сопствениот народ и

НРБМ ги предупредува граѓаните да внимаваат каде купуваат на “Блек фрајдеј”

Да се купува од безбедни веб страници, да се користат безбедни интернет врски односно да не се користат јавни интернет мрежи и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски извори. Ова се

Турско МНР: Приоритет на Туркије е одржувањето на мирот во сириски Идлиб и соседниот регион

ИСТАНБУЛ (АА) – Главна грижа на Туркије е зачувувањето на стабилноста во сириски Идлиб и околните области, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу. „Одржувањето на мирот во Идлиб и
Go toTop